top of page

Банана мафини со чоколадо

Се двоумев дали да го пишувам овој рецепт затоа што е многу основен. На интернет можат да се најдат милион мафини со банана и чоколадо.


Сепак се одлучив да го објавам за и јас и сите вие што читате да имате во пишана форма рецепт што е многу едноставен и брз, посебно за периоди кога ви се јаде нешто благо или не знаете што за појадок/ужина.



Мафините се доста вкусни и рофити поради јогуртот, јајцата и овесните снегулки
Банана мафините со чоколадо

Рецептот за мафините посебно ќе ви се најде ако имате презреани банани при рака. Тие се основниот заблажувач на смесата.


Додадов како опција и течен засладувач за во случај некој да сака поблаги мафини, инаку рецептот одлично функционира и само со банани.

Ама барем не бараат многу работа!
Потребни се неколку блендирања...

 

Банана мафини со чоколадо


Количина: 18 мафини

Време за подготовка: 30 минути


потребни се блендер, поголем сад за мешање и калап за мафини




Состојки:


200 g овесни снегулки

2 големи (3 помали) презреани банани

2 јајца

1 чаша грчки јогурт

2-3 лажици мед (може да се изостави)

1 1/2 лажичка прашок за печиво

1/2 лажичка сода

Ванила екстракт

Прстофат сол

50 g (1/2 чаша) чоколадни капки или искршено чоколадо (може да се замени со суво или замрзнато овошје

Мафините се доста рофки
Мафините се доста рофки

Опис:

  1. Прво овесните снегулки се мелат до степен на брашно и се додаваат прашокот за печиво, содата и солта.

  2. Во блендер се мелат јајцата, бананите, јогуртот и засладувачот (ако се користи)

  3. Во сад асе мешаат сувите и течните состојки, се додаваат чоколадните капки, се убаво се комбинира и се распоредува во калап за мафини.

  4. Се печат 15 минути на 200 степени, а откако ќе се испечат, се вадат од рерна и се оставаат во калапите уште 10-ина минути.

***мафините на собна температура може да се чуваат 3-4 дена, а може и да се замрзнат.

Печениот фалафел со спанаќ (и магдонос)
Банана мафините со чоколадо




Related Posts

See All

Comments


bottom of page