top of page

Брауни со црвен грав

Уште веднаш да да кажам - главната состојка нека не ве одвраќа од идејата да го направите овој вкусен десерт... затоа што навистина е вкусен! А ако не знаете што има во составот, нема да можете ни да препознаете!


Црвениот грав има делумно неутрален вкус, односно вкус кој со мала нијанса асоцира на костени, поради што е идеален за слатки рецепти. Поради комбинацијата од грав и овесни снегулки, ова брауни има леплива текстура (не е како благо лепче), а тоа е главната разлика меѓу брауни и обичен пандишпан за торта.

Сладоледот од банана и аронија сервиран со суво грозје и ореви
Брауни со црвен грав - одлично оди сервиран со овошје

Тие што редовно ме следат на социјалните медиуми знаат дека мешунките (сите видови грав, леќа, наут) ги сметам за супер храна и гледам да ги сместам во секоја можна комбинација.


Воедно им ги препорачувам на сите чиј дигестивен систем може да ги поднесе, редовно да ги имаат во своето мени, па дури и како дел од десерт.

Остаток од сладоледот
Црвениот грав може да се змаени со кој било друг шарен грав
 

Брауни од црвен грав


Количина: 9-12 коцки брауни

Време за подготовка на состојките: 5-10 мин

Време за печење: 15-20 минути (дополнително уште 10 минути за ладење)

Вкупно време за подготовка: 25-30 мин (без времето за ладење)


Се подготвува во мултипрактик и во тавче (20х20 cm)


Состојки:


250 g црвен бубрежест грав (или грав од една лименка, без течноста)

2 големи лажици какао (10g)

40 g (1/2 чаша) ситни овесни снегулки*

Прстофат сол

1/3 чаша мед

1/4 чаша кокосово масло**

2 мали лажици ванила екстракт

1/2 мала лажица прашок за печиво

80 g чоколадни капки или искршено црно чоколадо (по избор, меѓутоа чоколадото дава посебно добар вкус)

Сонуваме за море, со бротче во позадина
Сонуваме за море, со бротче во позадина

Опис:

  1. Сите состојки (освен чоколадните капки) се мелат во мултипрактик додека да се добие сосема мазна смеса (да не останат парчиња).

  2. Во смесата се мешаат чоколадните капки и се се излева во тавче (20x20 cm). Ако сакате, може да посипете низ површината уште малку чоколадни капки за подобра презентација.

  3. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени, 15-18 минути, а потоа се вади од рерна и се остава да се излади уште 10 минути пред да се исече на коцки. Може да се случи колачот уште да биде како недопечен, но доволно е да го оставите на ладно неколку часови (преку ноќ) и ќе ја добие потребната цврста структура.

Подрастопен сладоледот е уште поубав
Подрастопен сладоледот е уште поубав

Забелешки:

*Ако немате при рака ситни овесни снегулки, претпоставувам дека браунито би излегло добро и со крупни овесни снегулки, а можеби може да се заменат и со интегрално брашно или со нешто друго. Јас ја правам оваа варијанта и другите не сум ги испробал, но експериментирајте и видете што најмногу ќе ви се допадне.

**Кокосовото масло може да се замени со маслиново масло, па дури и со путер од кикирики, пак ќе се добие убава текстура.

Comentarios


bottom of page