top of page

Бургери од грав цацар

При едно пазарење, кога барав да купам грав што не е увозен, пазарџиите од кои редовно купувам ми рекоа дека ситниот цацар грав скоро секогаш е домашен, за разлика од другите видови.

Хумус - основна варијанта

Овој вид грав најрано го има на пазарот, уште кон крајот на месец август, па може лесно да се вклучи во исхраната.


Бргу се вари, посебно ако претходно е откиснат, а откако ќе се свари, добива убава кремаста структура, што е одлично за чорби, за намази, за блендирање – и за правење бургери.

Хумус - основна варијанта
 

Бургери од цацар


Количина: 8 парчиња

Време за подготовка на состојките: 15-20 мин

Време за пржење на бургерите: 20 мин

Вкупно време за подготовка: 40 мин (без времето за варење на гравот)


Се подготвуваат во мултипрактик, голем сад за мешање на состојките и нелеплива тава за пржење



Состојки:


500 g варен грав цацар

50 g овесни снегулки

50 g ореви

1 главица кромид (ситно исечкан)

200 g печурки шампињони (сомелени во мултипрактик или ситно исечкани)


2 големи лажици соја сос

1/2 или 1 мала лажица буковец или чили

1/2 мала лажица димен црвен пипер

1 1/2 до 2 мали лажици сушено оригано

Сол и црн пипер


Малку маслиново или рафинирано кокосово масло за подмачкување на тавата за пржење

Хумус - основна варијанта

Опис:


  1. Во поголем сад се пасираат зрната грав, а одделно во мултипрактик се мелат овесните снегулки и оревите.

  2. Иситнетите овесни снегулки и ореви се додаваат во садот кај пасираниот грав.

  3. Исечканиот кромид и иситнетите печурки се пропржуваат во нелеплива тава со малку масло додека да испари течноста од печурките, а потоа се додаваат кај мешавината од грав, овесни снегулки и ореви.

  4. Се додаваат зачините и се убаво се меша додека да се добие компактна смеса.

  5. Се оформуваат околу 8 бургери и се пржат на малку намаслена нелеплива тава, по 2-3 минути од едната, а потоа од другата страна. Може и да се печат во рерна на 220°С, 15 минути од едната и уште 5 минути од другата страна.

Забелешки:

  • Најдобро е откако ќе се испржат (или ќе се испечат), ако има време, бургерите да се остават да се подизладат околу 15 минути за да добијат поцврста структура.

  • Може да се искомбинираат со печени компири, свежа салата и со паштета од модар патлиџан.

  • Спакувани во стаклен сад може и да се чуваат во фрижидер до 3 дена.


תגובות


Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page