top of page

Бурито со црвен грав и туна

Рецептов излезе сосема случајно за едно гостување на телевизија. Немав идеја што да подготвувам и почнав да чепкам по рецепти за да добијам инспирација.


Прво си реков: ај ќе правам нешто со туна. Убаво би било да биде нешто и со мајонез од индиски ореви. Уште поубаво ако тоа го завиткам во тортиља. А да додадам и грав во целата комбинација?

Гранола од супер храна
Пресек од буритото

По долго размислување, од 10-ина рецепти конечно склопив еден. И нормално, прво го испробав дома за да видам дали смислената комбинација функционира.


Се изненадив од комплетниот вкус на буритото и сфатив дека тоа ќе стане новиот хит оброк кај мене дома. Најбитно - се подготвува многу бргу!

Овесните снегулки се основата на оваа гранола
Состојките за мајонезот од индиски ореви
 

Бурито од црвен грав и туна


Количина: 6 бурита

Време за подготовка: 15 минути (без времето за киснење на индиските ореви)


Се подготвува во длабок сад за мешање и блендер.



Состојки за буритото:


2 конзерви туна (процедена од течноста)

400 g варен црвен грав (од конзерва,процеден од течноста)

1 доза мајонез од индиски ореви

1 мала главица црвен кромид

1 гранче целер

Сол и црн бибер

Листови марула

Авокадо (по желба)

6 тортиљи


За мајонезот од индиски ореви:

100 g индиски ореви (откиснати во вода)

60 ml маслиново масло

Сок од 1 лимон

1 мала лажица мед

Сол и црн бибер

2 чешниња лук

Гранолата се чува во стаклен сад
Индиски ореви - основа за мајонезот

Опис:


  1. ЗА МАЈОНЕЗОТ ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ: индиските ореви се откиснуваат во жешка вода, околу половина час.

  2. Се додаваат останатите состојки за мајонезот и се блендираат додека да се добие мазна смеса.

  3. ПОЛНЕЊЕ ЗА БУРИТОТО: во сад се мешаат гравот, туната, кромидот, целерот, мајонезот од индиски ореви и ако се додаваат сол и црн бибер по вкус.

  4. СОСТАВУВАЊЕ НА БУРИТОТО: тортиља прво кратко се потпекува, а потоа, прво се редат:

  • 2 листа марула

  • 2 полни лажици од полнењето со туна и грав

  • парчиња авокадо

Буритото прво се преклопува од страните, а потоа се витка во ролна.

Гранолата може да се чува подолго време како опција за брз појадок
Состојки за полнењето на буритото




Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page