Редовно присутна салата на менијата по сите ресторани е грчката салата. Не бара многу време за подготовка, а може да се смислат и интересни варијанти.

Од грчката салата можеме да составиме целосен оброк со избалансиран сооднос на јаглехидрати, протеини и масти со тоа што ќе ја збогатиме со макарони и наут.
Ќе направиме салата која се подготвува брзо и лесно, а богата е со многу бои и едноставни вкусови.

Грчка салата со макарони и наут
Количина: 4-6 порции
Време за варење на макароните: 6-10 мин
Време за сечкање на зеленчукот: 10-15 мин
Вкупно време за подготовка: 20-25 мин (без дополнителното ладење и без времето за варење на наутот)
Без глутен, без јатки, без додадени шеќери
Се подготвува во тенџере за варење и во сад за мешање на салатата
Состојки за салатата:
300 g макарони
250-300 g варен наут (или наут од конзерва)
100 g маслинки
1/2 главица кромид (по можност црвен)
1 голема црвена пиперка, исечкана на коцки
1 краставица, исечкана на поголеми коцки
300 g шери домати
20 g чаша магдонос, иситнет
Сирење исечено на коцки (или маринирано тофу)
Рукола (по желба)
2 голема лажица маслиново масло
Сок од 1.5 лимон
Сол и црн пипер
1 мала лажица оригано


Опис:
Макароните сварете ги al dente, односно не оставаме ги да се преварат и да се раскашават. Кога ќе се сварат, веднаш исплакнете ги под ладна вода затоа што тестенините омекнуваат и додека се врели, иако се не се варат.
Откако ќе се сварат макароните, префрлете ги во поголем сад и додадете го варениот наут.
Додека се варат макароните, исечкајте го зеленчукот.
Сечканиот зеленчук се додава во садот кај варените макарони и наутот, се додаваат зачините, а на крај се гарнира со коцки сирење и рукола (по желба).
На крај се поросува сушено оригано.

Забелешки:
За да се збогати вкусот, иако не е карактеристично за грчката салата, може да се додаде малку сируп од калинки.
Салатата вака составена одлична е во замена за брз оброк, а може да се вклопи и кога треба да пречекувате гости, а немате идеја за нешто брзо што нема долго време да ве заглави во кујна.

Comments