top of page

Едноставно чили со шарен грав

Во потрага по тоа како дома да се воведат нови вкусови, нови продукти... едноставно нешто да се смени, се обидов да испробам нешто како чили од различни типови грав.


Варијации на вакво нешто може многу често да се најдат на интернет, а овој рецепт е моја слободна интерпретација од неколку рецепти што сум ги зачувал пред неколку години. Моите дома го прифатија овој вкус, така што не се ни обидувам веќе да експериментирам.

Чилито од шарен грав сервирано со ориз
Чилито од шарен грав сервирано со ориз

Во нашата кујна најчесто кога се зборува за грав се подразбира бел грав и многу ретко се застапени другите видови.


Не постојат „поздрави“ или „помалку здрави“ видови грав, односно пожелно е сите да се конзумираат во ротација затоа што сите имаат лепеза на нутриенти застапени во различни пропорции.

Различни видови грав
Различни видови грав
 

Едноставно чили со шарен грав


Количина: 4-5 мали палачинки (2 големи)

Време за подготовка на состојките: 5-10 мин

Време за динстање и варење: 50 мин

Вкупно време за подготовка: 60 минути


Се подготвува во едно подлабоко тенџере.



Состојки:


1 голема лажица маслиново масло

1 мала главица кромид, исечкана

1 црвена пиперка, ситно исечкана

1 поголем моркови, исечкан на коцки

1 гранка целер, ситно исечкани

1 чешне лук, иситнет

½ или 1 големи лажица чили во прав или лут буковец (по желба)

1 ½ мала лажица мелен кумин

1 мала лажица димен црвен пипер (или обичен црвен пипер)

1 мала лажица суво оригано

½ мала лажица сол

1 лименка цели домати

370 g пинто или црвен грав* (или грав од 1 ½ лименка)

Мешан сув зеленчук

1 чаша вода


Додатоци за гарнирање: магдонос, авокадо, сок од лимон

Домати, кромид и магодност - дел од состојките
Домати, кромид и магодност - дел од состојките

Опис:


  1. Кромидот, пиперката, морковите и целерот се динстаат на малку масло (10 минути).

  2. Се додаваат лукот, чилито, куминот, димениот црвен пипер, ориганото и солта и се оставаат да се пропржат (1 минута).

  3. Се додаваат доматите (измелени со сокот од лименката), гравот, водата и мешаниот сув зеленчук. Се се меша и се загрева додека чили чорбата да почне да врие. Потоа се намалува температурата на минимум и се остава чилито да се вари околу половина час.

  4. Штом чилито згусне, се сервира со сварен ориз и се гарнира со магдонос, авокадо и малку сок од лимон (по желба).

Чилито од шарен грав задолжително сервирано со салата и со магдонос
Чилито од шарен грав задолжително сервирано со салата и со магдонос

Забелешки:

*Чилито може да се направи со каков било шарен грав, а може и да се искомбинираат неколку видови грав.

**Може да се чува на ладно до 4 дена. Може и да се замрзне и да се чува неколку недели.

Related Posts

See All

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page