top of page

Колач со портокал и бадеми

Едно време опсесија ми беше правењето торти - посебно за специјални моменти како што е Нова Година. Ги правев затоа што ги сметав за уметност - секој може да зготви чорба, ама ретко кој успешно може да состави вкусна торта!
Колачот со портокал и бадеми
Колачот со портокал и бадеми
За оваа торта додека го добив конечниот вкус, направив 5 варијанти за на крај да направам комбинација од неколку рецепти и да го добијам посакуваниот резултат.

Најголемиот предизвик ми беше што сакав да ја печам во мултикукер - не дека не можев во рерна, туку сакав да се испробам и со необичен начин на печење колач, без вклучување рерна.
Пресек на колачот
Пресек на колачот

 

Колач со портокал и бадеми


Количина: 16 парчиња

Време за подготовка: 70 минути


потребен е мулти-готвач или кружен калап за торта



Состојки:


130 g интегрално пченично брашно

120 g сенаменско брашно

100 g кокосов шеќер

60 g мелени потпечени бадеми

Кора од 1 портокал

1 лажичка сода

½ лажичка прашок за печиво

Ванила екстракт

Прстофат сол

80 ml маслиново масло

2 јајца

1 чаша цеден сок од портокал

Лажица јаболков оцет


За глазура:


¼ чаша (60 ml) сок од протокал

100 g темно чоколадо

2 лажички маслиново масло

Кора од портокал


Колачот без декорацијата од портокали
Колачот без декорацијата од портокали

Постапка:


  1. Прво се мешаат сувите состојки, од брашната до солта.

  2. Одделно се комбинираат течните соостојки од маслото до оцетот.

  3. Се комбинираат сувите и течните состојки, убаво се промешуваат (не премногу) и веднаш се префрлаат во мултиготвач или во намрсен калап за торта. Јас го користев мултиготвачот на Делимано и ја користев опцијата multigrain, која пече на 150 степени, 1 час. На мултиговачите на Филипс има опција cake, па можете таа да ја изберете, само да и го продолжите времето на печење. Во рерна, колачот би се печел на 180 степени, 35-40 минути.

  4. Кога ќе се испече колачот, се вари од мултикукерот/калапот за тора и се остава да се излади.

  5. Во меѓувреме, се подготвува глазурата и се остава малку да се излади.

  6. На основа за торти се поросуваат мелени бадеми и врз нив се поставува колачот. Врз него се прелева глазурата и се остава слободно да се растече низ површината на колачот.

  7. Може да се украси со дехидрирани или карамелизирани парчиња портокал.


Колачот со портокали и бадеми
Колачот со портокали и бадеми





Related Posts

See All

Commentaires


bottom of page