top of page

Мерчимек (турска чорба од леќа)

Пред некоја година на одмор во Турција посебен впечаток од целиот престој ми беше убавата храна. Убави турски, медитерански вкусови насекаде, комбинации на ароми и прекрасни свежи салати со специфични преливи – тоа ми е главната слика за храната што беше понудена.

Мерчимек

Чорбата од црвена леќа, познатата мерчимек чорба беше меѓу најспецифичните турски специјалитети за кој меѓу првите побарав рецепт за да можам и дома да уживам во убавиот вкус.

Мерчимек чорбата има многу варијации на интернет, но оваа верзија е најблиску до вкусот што го почувствував во Турција.

Црвена леќа
 

Мерчимек (турска чорба од леќа)


Количина: 4 порции

Време за подготовка на состојките: 5 мин

Време за пржење и варење: 60 мин

Вкупно време за подготовка: 65 мин (без времето за киснење на леќата)


Се подготвува во поголемо тенџере за варење



Состојки:


1/2 голема лажица рафинирано кокосово (или маслиново) масло

1 голема главица кромид, исечкан на коцки

Половина компир или еден мал, исечен на коцки

1/2 чаша доматен сос или изблендиран домат

1 голема лажица доматно пире

Црвен пипер

1 чаша црвена леќа, претходно откисната*


Прстофат шеќер

1 мала лажица сол

Црн пипер

Мешан сув зеленчук


Сушено нане

Свеж магоднос

Тостирани семки од тиква

Хумус - основна варијанта

Опис:


  1. Кромидот исечкан на коцки се динста на масло околу 5 минути.

  2. Се пропржува црвениот пипер, многу кратко за да не потемни и веднаш се додава компирот. Се пропржува уште 5 минути.

  3. Се додаваат доматниот сос и доматното пире, се пропржува уште 2-3 минути, па се додава откиснатата леќа (убаво процедена од водата во која се киснела).

  4. Се додава прстофат шеќер, сол, црн пипер и мешан сув зеленчук и се убаво се промешува.

  5. Се додава 1.5 L вода и се остава да се вари чорбата околу 40 минути на средна температура.

  6. Откако ќе се свари, чорбата се пасира со рачен блендер додека да се добие мазна структура.**

  7. Се поросува со сушено нане или свеж магдонос и со тостирани смеки од тиква.

Мерчимек

Забелешки:

*Црвената леќа се кисне пократко од обичната, од 2 до 4 часа.

**Ако е доволно распадната леќата, чорбата може и да не се блендира.

Мерчимек

Comentarios


bottom of page