top of page

Овесна каша со боровинки

Овесните каши како оброк не се ништо задолжително, меѓутоа се многу практична алатка.


Зошто го кажувам ова? Затоа што можете да составите нутритивен оброк само со потопување овесни снегулки и со неколку додатоци - без вклучување рерни, чекање, крчкање, ладење...

Овесната каша сервирана со ореви, банана и кокос
Овесната каша сервирана со ореви, банана и кокос

Овесните каши кај мене дома се применуваат како џокер секогаш кога немаме идеја што за појадок или што за вечера или за ужина. Ги правиме во милион варијанти, а со оглед на тоа што имаме многу замрзнати боровинки, оваа во последно време ни е меѓу омилените.

Боровинки - одличен додаток на овесните каши
Боровинки - одличен додаток на овесните каши

 

Овесна каша со боровинки

Количина: 1 проција

Време за подготовка: 10 минути


Се подготвува во сад за мешање




Состојки:


10 лажици овесни снегулки

100g боровинки

1 канче грчки јогурт 2% масленост

1 лажица чија семе

1 лажица путер од кикирики

1 лажица мед

Ванила и прстофат сол

Вода по потреба


За гарнирање:

Ореви, кокос, банана...


Овесна каша со боровинки
Овесна каша со боровинки

Опис:

  1. Половина од овесните снегулки се мешаат со водата, додека убаво да се искомбинираат. Се оставаат да откиснат во фрижидер.

  2. Во блендер, кратко се мелат боровинките, медот, ванилата, солта и јогуртот додека се добие мазна смеса и светло виолетова боја.

  3. Изблендираните боровинки со јогурт се префрлаат во сад и во нив се додава чиа семето и другата половина од овесните снегулки. Се оставаат да откиснат во фрижидер.

  4. Откако ќе откиснат, овесната каша се гарнира со ореви, банана, кокос или по избор.


Овесната каша е одлична опција за брз оброк
Овесната каша е одлична опција за брз оброк




Recent Posts

See All

Commentaires


bottom of page