top of page

Отворени сендвичи со намаз од тофу

За време на пости обично исхраната е доминантно јаглехидратна, без да се внимава на соодветниот внес на протеини, па и на масти. Затоа еве намаз од тофу кој може да се искомбинира со леб и зеленчук и да се добие комплетен оброк.


Тофуто е богат извор на растителни протеини, а ако е коагулирано со калциумови соли, претставува и добар извор на калциум, минерал кој најчесто се изоставува кога се применува посна/веганска храна.

Сендвичи со намаз од тофу
Сендвичи со намаз од тофу

Намазот за овие сендвичи всушност најчесто го правам со урда или со младо сирење, така што тоа би била варијанта од намазот кога не е период на пости.

Тофу и избор од зеленчук
Тофу и избор од зеленчук
 

Отворени сендвичи со намаз од тофу


Количина: 35-40 мали колачи

Време за подготовка: 15 минути


Се подготвува во длабок сад за мешање, сад во кој ќе се топи чоколадото и калап за мали мафини.



Состојки:


300 g неутрално тофу

2 чешниња лук

1 лажичка сенф

Сок од лимон + малку вода

2 лажици маслиново масло (по желба)

1 лажица јаболков оцед

1 лажичка лук во прав

Сол и црн пипер

Буковец (по вкус)

Ситно сечкан магдонос

Може да се додадат и копар, босилек...


Парчиња леб

Зеленчук по избор

Тофу - одличен извор на растителни протеини
Тофу - одличен извор на растителни протеини


Чери домати и зачински тревки
Чери домати и зачински тревки

Опис:


  1. Тофуто се блендира со лукот, сенфот, водата, сокот од лимон и зачините додека да се добие кремаста смеса.

  2. Се префрла во сад, се додаваат магдоносот и останатите зачински билки и се убаво се меша.

  3. Намазот се мачка на парчињата леб и се украсува со нукулци, спанаќ или некој друг вид зеленчук.

  4. Намазот може да се чува на ладно 4-5 дена.

Отворените сендвичи со намаз од тофу
Отворените сендвичи со намаз од тофу




Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page