Сендвичите некако ми се синоним за брз оброк, за брза храна. Не само што не одземаат време во составувањето, туку и лесни се за пакување како оброк за носење.
Со сендвичите, покрај тоа, и многу може да се експериментира со вкусовите, како што е случајот со овој рецепт.
И бидејќи сакам да додадам зеленчук во каква било варијанта секаде каде што може да се вметне, овде имаме интересна комбинација на зелена салата со кромид и портокал.
Знам, сетоа ова ќе ви звучи чудно, ама препорачувам да го испробате овој експеримет со вкусови, па да се уверите каков празник претставува за сетилата.
Отворен сендвич со млечен намаз и лосос
Количина: 6 отворени сендвичи
Време за подготовка: 10 минути
Потребни се сад за салата и еден сад за пасирање
Состојки:
200 g немрсно сирење или урда
Лук во прав
Копар - свеж или сушен
Зелена салата (пр.рукола, марула)
Кромид
1/2 портокал
20 g ореви, искршени
Балсамик
100 g димен лосос
Опис:
За млечниот намаз, се пасира сирењето и се додаваат зачините
Во посебен сад се мешаат состојките за салатата.
СОСТАВУВАЊЕ: на секое парче леб како основа се мачка од намазот, потоа се додава салатата и на крај секој сендвич се украсува со парчиња димен лосос (лососот може претходно кратко да се пропжи на многу малку масло на нелеплива тава или кракот во air-fryer).
Comments