top of page

Печен фалафел со спанаќ

Секојдневно да се смислуваат оброци за цело семејство може да биде доста исцрпувачки. Притоа треба да се внимава состојките во оброците премногу да не се повторуваат, вкусовите да бидат различни и секој да биде најаден.

Фалафел сервиран со тортиља
Фалафел сервиран со тортиља

Во ваква ситуација фалафелите се одлична варијација, посебно во улога на храна за носење, нешто како солени колачи. Ги правите, ги ставате на маса и се послужува секој член на семејството на поминување, кој кога сака.


Традиционалниот рецепт за фалафели содржи пржење во масло, но овде ќе направиме промена. Со додадено зеленило и печени место пржени, овие солени колачиња се идеални за конзумирање во кој било дел од денот.

Состојки за фалафел со спанаќ
Состојки за фалафел со спанаќ
 

Печен фалафел со спанаќ


Количина: 20 парчиња

Време за подготовка на состојките и оформување на фалафелите: 20 мин

Време за печење на фалафелите: 20 мин (и уште 10-ина за ладење)

Вкупно време за подготовка: 50 мин (без времето за варење на наутот)


Се подготвуваат во мултипрактик, голем сад за мешање на состојките и во тавче за печење



Состојки:


1/2 kg варен наут (или наут од лименки, убаво процеден од течноста)*

50 g овесни снегулки

2 чаши млад спанаќ, исечкан

1 главица кромид

4 чешниња лук

Ситно исечкан магдонос

Сок од половина лимон

2 мали лажици кумин

2 големи лажици маслиново масло


½ мала лажица буковец (не е задолжително)

½ мала лажица црн пипер

1 мала лажица морска сол (може и помалку)

Фалафелите тукушто испечени
Фалафелите тукушто испечени
Фалафел - сервирање во тортиља

Фалафел - сервирање во тортиља


Опис:


  1. Во мултипрактик се мели наутот и постепено се додоаваат овесните снегулки.

  2. Кога убаво ќе се истинат, се додаваaт спанаќот, кромидот, лукот, магдоносот, сокот лимон, куминот и маслото и повторно се меле додека да се добие скоро мазна смеса. Не е страшно ако остане по некое парче.

  3. Смесата се зачинува со сол и црн пипер (и буковец, ако се користи) и се оформуваат фалафели во вид на мали плескавици.

  4. Фалафелите се печат во рерна на 200 степени, 15 минути од едната и уште 5 минути од другата страна. За да знаете дали се печени, врвовите треба малку да им се покафенети.

  5. Откако ќе се испечат, се вадат од рерна и се оставаат 10-ина минути да се изладат.

Фалафел - сервирање во тортиља
Фалафел - сервирање во тортиља


Забелешки:

*Во врска со наутот и останатите мешунки - добро е секогаш да имате сварено поголема количина што ќе ја чувате во фрижидер или замрзната за да може да се употреби како дел од некој рецепт или за брза салата како целосен оброк.

**На сликите фалафелите се сервирани во тортиља со мариниран кромид и ѕаѕики од индиски ореви, но може да се искомбинираат со домашен сос од домати, или во зима со топла крем чорба.

Фалафелите сервирани во тортиља
Фалафелите сервирани во тортиља

Related Posts

See All

Commentaires


bottom of page