Просото е житарка која стекна популарност последниве години откако започна треската за безглутенска храна. За жал, многумина го подготвуваат само обично сварено со вода, поради што не им е вкусно, па набргу се откажуваат од негово конзумирање.
Затоа рецептот за оваа пита од просо е тука да покаже дека просото не мора да биде здодевна житарка без вкус, одосно дека може да се оформи во убава пита која ќе ја придружиме со Sütaş Ayran.
Додатоците во питата се само предлози, односно со различни состојки може да се постигнат варијации на вкусот и да се приготвува за различни пригоди.
Пита од просо
Количина: околу 10 парчиња
Време за подготовка: 50 минути
Се подготвува во мало тенџере за варење, длабок сад за мешање и во калап за леб или во тава за печење.
Состојки:
100 g просо + 1 чаша вода
2 лажици маслиново масло
Блитва или спанаќ
½ главица кромид, ситно исечкана
2 чешниња лук (по избор)
2 јајца
120 ml јогурт (1/2 чаша)
Сол и црн бибер
По избор може да се додаде:
рузмарин, сув домат, маслинки
сусам, изрендан кашаквал (одозгора, 5 мин пред крај), грчки јогурт или павлака
Опис:
Просото се вари на тивко додека да ја впие водата. Блитвата се обарува и се цеди од вишокот вода. Во сад се матат јајцата, мелекото, маслото, солта и црниот бибер. Се се спојува во длабок сад и убаво се промешува. Во овој момент може да се додадат рузмарин, сушен домат, маслинки или некои од другите предложени состојки.
Смесата се распоредува во калап или тавче и се пече на 180 степени, 35-40 минути.
Откако ќе се испече, ја оставаме 15 минути да се подизлади и потоа се сече на парчиња.
За нутритивно да ја збогатиме питата, можеме да ја придружиме со чаша Sütaş Ayran.
Comments