top of page

Пица од брзо тесто

Како голем љубител на пица, покрај што купувам пица, задолжително мора да имам и моја домашна варијанта.


Од мајка ми си имам запишано едно универзално тесто од кое најчесто правам нешто меѓу фокача и пица (ама дома си ја викаме пица).

Пица од брзо тесто
Пица од брзо тесто

Најлесно е да се направи со обичен квасец и се кисне многу кратко (затоа и се вика брзо тесто), ама јас често ја правам и со мој квасец (кисело тесто, маја) и во тој случај потребно е подолго киснење, а инаку постапката е доста едноставна.

Домати и пиперки - најидеална комбинација во лето
Домати и пиперки - најидеална комбинација во лето

 

Пица од брзо тесто

Количина: околу 12 парчиња

Време за подготовка: 70-80 минути


Се подготвува во подлабок сад за мешање и во тавче за печење



Состојки:


3 чаши интегрално пченично брашно (може мешавина со бело брашно или 'ржано, спелтино)

2 чаши вода (или по потреба)

1/2 коцка свеж квасец (или 200 g кисело тесто)

2-3 лажици маслиново масло

Малку шеќер и сол


За гарнирање:

I варијанта: кечап, домати, кромид, пиперки, маслинки, печурки, оригано, кашкавал (или сирење)

II варијанта: неколку главици кромид и печурки, издинстани со малку масло и свеж рузмарин + рендан кашкавал


Може да се додаде јајце или во некоја варијантите да се додаде кулен или пршута.


Пицата од брзо тесто - испечена и поделена на парчиња
Пицата од брзо тесто - испечена и поделена на парчиња

Опис:

  1. Квасецот се активира со дел од водата, малку брашно и шеќерот. Потоа се мешаат сите состојки за тестото. Треба да се добие структура погуста од тесто за палачинки. Поради тоа, ако не се доволни 2 чаши вода, може да се додаде уште малку.

  2. Тестото се истура во тавче обложено со хартија или премачкано со масло, се покрива и се остава да кисне околу 30 минути. За тоа време, рерната се клучува да се загрева на 250 степени.

  3. Пред крај на киснењето, врз тестото се редат избраните состојки, без кашкавалот и пицата се става во рерна. Се пече 15 минути на 250 степени, а потоа температурата веднаш се намалува на 200 степени и се пече уште 15 минути.

  4. Се вади пицата од рерна, се реди изренданиот кашкавал и се враќа во рерна да се потпече уште 5 минути.

  5. Се остава да се подизлади, а потоа се сече на парчиња.


Варијантата со кисело тесто се разликува во следното:

  • Место квасец додавам 200 g маја (кисело тесто) и потоа ги мешан состојките за тестото. Во овој случај тестото треба да кисне од 3 до 8 часови, зависи од топлината во кујната. Кај мене во лето доволно е киснење од 2-3 часа, а во зима околу 6 часови.

  • Откако ќе откисне тестото, процедурата понатаму е иста како со првиот начин на подготовка.

Пицата со убаво откиснато тесто
Пицата со убаво откиснато тесто




Comments


Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page