Обично сите погачи и прои се прават со пченично брашно и со пченкарно брашно (проите).
Ама, ајде малку да смениме! Да испробаме да направиме погача од друг тип на брашно и да испробаме нови вкусови.

Брашното од наут ги има карактеристиките на наутот - диететски влакна, низок гликемиски индекс, растителни протеини, а во добар процент содржи фолат (фолна киселина) и бакар кои се многу битни за подобра искористиливост на железото од храната.

Погача од брашно од наут
Количина: 15 парчиња
Време за подготовка: 50 минути
потребни се поголем сад за мешање и тавче за печење
Состојки:
2 чаши брашно од наут
2 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша вода
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка јаболков оцед
1 лажица маслиново масло
Сол
Зеленчук по избор (јас користев цветови брокула, тиквичка, кромид и пиперка)

Опис:
На дното од тавчето се реди зеленчукот исечен на поголеми парчиња. Се полева со маслото, се промешува за да се распореди маслото и потоа зеленчукот се распоредува во еден слој низ тавчето.
Во длабок сад се мешаат состојките за тестото - треба да се добие нешто погуста смеса од смесата за палачинки.
Тестото убаво се распоредува врз зеленчукот, по желба се посипува со сусам и се пече 40 минути во рерна на 200 степени.

Comments