top of page

Поповери со спанаќ и праз

Вакво нешто првпат правам. Дури не знам ни дали „поповери“ е вистинското име!


Ама знам дека се многу вкусни и лесно може да се трансфромираат со различен зеленчук.

Поповерите сервирани како сендвичи
Поповерите сервирани како сендвичи

Се работи за печиво слично на мафини (односно и се прави во калап за мафини), но со шуплини во внатрешноста кои се создаваат поради печењето на повисока температура и содржината на 4 јајца.


Токму поради шупливата внатрешност, идеални се за полнење со некој намаз, со хумус, со ајвар или може да се трансфромираат во сендвични.

Ќофтињата одлично одат со чаша вино
Ќофтињата одлично одат со чаша вино

 

Поповери со спанаќ и праз


Количина: 6 поповери

Време за подготовка: 30-35 минути


потребен е калап за мафини



Состојки:

150 g бело сенаменско брашно

70 g интегрално пченично брашно

60 g спанаќ, ситно издробен

Праз

4 јајца

370 ml (1 1/2 чаша) млеко

Сол


Смесата распоредена во калапи
Смесата распоредена во калапи

Опис:

  1. Прво се мешаат двата типа брашно, па се додаваат спанаќот и празот ситно насечкани.

  2. На страна се матат јајцата, солта и млекото и се додаваат кај сувите состојки. Треба да се добие структура нешто погуста од смеса за палачинки.

  3. Се распоредува во калап за мафини и се пече во загреана рерна на 230 степени, 15 минути и уште 10 минути на 170 степени.

  4. Поповерите се вадат од рерна, се оставаат да се подизладат околу 5-10 минути и потоа се вадат од калапот.

  5. Може да се комбинираат со хумус, урда, некое друго полнење или како сендвич со тенко парче кашкавал и зелена салата.


Поповерите директно извадени од рерна
Поповерите директно извадени од рерна

Поповерите се идеални за полнење
Поповерите се идеални за полнење




Следете ме

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • YouTube
  • Pinterest
bottom of page