top of page

Проја со просо и праз

Дома имам еден хроно готвач што содржи исклучиво лебови, прои и кифли. Пред неколку години ми се виде интересен и го купив.


Некои од рецептите може да се користат како што се напишани, но на некои им е потребна корекција за да бидат поинтересни, како на пример на оваа проја.

Пројата со просо и праз
Пројата со просо и праз

Во оригиналниот рецепт се мешаат само неколку видови брашна и праз, па за да се добие поровка структура (а и да биде поприфатлива за деца) решив во составот да експериментирам со додавање јајца и јогурт, како класичната проја.


Структурата и вкусот излегоа одлични, па си реков да си го запишам рецептот и да го споделам.

Празот и дава посебен вкус на пројата
Празот и дава посебен вкус на пројата

 

Проја со просо и праз


Количина: 15 парчиња

Време за подготовка: 45 минути


Потребни се блендер и поголем сад за мешање и тава за печење




Состојки:


300 g брашно ( најдобро излегува со полубело брашно тип 500, но може да се направи комбинација од ‘ржано и интегрално пченично по половина)

150 g просо

2 чаши јогурт

2 јајца

4 лажици масло

Сол

Праз

1 пакетче прашок за печиво (4.5 лажички)


Сусам

Пројата убаво испечена и ровка
Пројата убаво испечена и ровка

Опис:

  1. Прво просото се меле додека да добие структура на брашно - или директно може да се купи брашно од просо.

  2. Се мешаат брашната со солта, прашокот за печиво и ситно исечканиот праз.

  3. На страна се мешаат јајцата, јогуртот и маслото и се додаваат кај брашната.

  4. Се убаво се меша и смесата се префрла во тавче. Убаво се распоредува и се поросува со сусам.

  5. Се пече 30 минути на 210 степени.

Пројата со просо и праз
Пројата со просо и праз

Пројата со просо и праз
Пројата со просо и праз



Related Posts

See All

Commentaires


bottom of page