top of page

Ракчиња со киноа

Сфаќам дека колку и да имаме разновидни рецепти на располагање, па дури и да ги имаме дома состојките за повеќето рецепти, пак на крај најчесто ќе се зафатиме да го правиме јадењето на кое сме навикнати и за кое ќе изгубиме најмалку време.


Сепак понекогаш сакаме да направиме мала екскурзија и да испробате некој поразличен вкус. Така и ние дома, пред некое време купивме ракчиња со цел да ги гледаме дека ги имаме во замрзнувач, дека ни зафаќаат простор, па да се сетиме и нешто да направиме од нив.

Ракчињата сервирани со киноа
Ракчињата сервирани со киноа

Исчистените ракчиња се подготвуваат навистина бргу и лесно ги впиваат вкусовите од зачините што им се додаваат. Може да се зготват додека го подготвувате додатокот што ќе оди со нив, како што е во случајов киноата што ја искомбинрав за овој рецепт.


Инаку, околу 80% од калориите во ракчињата доаѓаат од протеини, а само околу 13% од масти, така што претставуваат добра опција ако сметате дека ви се потребни повеќе протеини во исхраната.

Киноа
Киноа
 

Ракчиња со киноа


Количина: 4-6 порции

Време за подготовка на состојките: 5 мин

Време за печење на вафлите: 15-20 мин

Вкупно време за подготовка: 25 мин


Се подготвуваат во едно помало длабоко тенџере и нелеплива тавче за пржење.



Состојки:


100 g киноа (по можност претходно откисната)

1 мала лажица маслиново масло

400 mL вода

Малку мешан сув зеленчук

½ мала лажица сол


400 g исчистени, замрзнати ракчиња

2 големи лажици маслиново масло

3-4 чешниња лук

Прстофат буковец (или црвен пипер)

Морска сол и црн пипер

1 лимон

¼ чаша бело вино

Магдонос

Рузмарин (по желба)

Лукот е задолжителен кога се подготвуваат ракчиња
Лукот е задолжителен кога се подготвуваат ракчиња

Опис:


За киноата:

  1. Киноата прво се измива со ладна вода. Потоа, убаво процедена се тостира на средна температура на многу малку масло со постојано мешање (околу 2 минути).

  2. Се додаваат 400 mL вода измешани со сув зеленчук, и сол и откако ќе зоврие водата, сосема се намалува температурата и се вари киноата поклопена со капак (15 минути).

  3. Садот со киноата се трга од топлото и се остава уште 5 минути на страна. На крај се промешува со вилушка.


За ракчињата:

  1. Додека се вари киноата, во нелеплива тава, на средна температура многу кратко се загрева маслиновото масло и се додаваат чешнињата лук, изрендани. Лукот исто многу кратко се пропржува, колку да ослободи арома.

  2. Се додаваат буковецот (или црвениот пипер) и црниот пипер, тавата се трга од оган и се додаваат солта и сок од половина лимон. Се додаваат и ракчињата одмрзнати и тавата се враќа на оган.

  3. Ракчињата се динстаат додека малку да поруменат (10-15 минути). Пред крај се додава бело вино и се остава да прокрчка уште 2-3 минути.

  4. На крај, ракчињата се тргаат од оган, се полеваат со сокот од преостанатиот лимон и се поросуваат со иситнет магдонос и рузмарин.

  5. Се сервираат врз претходно подготвената киноа и врз сето тоа се полева ароматичните сос што е останат во тавата кај што се динстаа ракчињата.

Ракчињата сервирани со киноа
Ракчињата сервирани со киноа

Забелешки:

  • Се сервираат со обилна свежа салата.


648 views0 comments

Kommentarer


bottom of page