Не смеете да наоѓате оправдување ако пресконете оброк во периоди кога сте на работа или сте презафатени затоа што дури и во тие моменти може да се најде решение.
А решението е да составите салата во тегла како целосен оброк!

Овој рецепт е само идеја (предлог) и со количините и со составот и повеќе можете да го користите за составување ваков тип салати.
Многу е битно салатата и дресингот да ги чувате одделно и да ги измешате непосредно пред конзумирање.

Салата во тегла со туна и наут
Количина: 1 порција
Време за подготовка: 10 минути
потребни се поголема тегла за салатата и помала за дресингот
Состојки:
Зелена салата (може пакувана од маркет)
Млад лук и кромид
1 конзерва туна, процедена од маслото
300 g наут
Морков, изрендан
Дресинг:
Лук, исечкан
Масло
Сок од лимон
Сенф
Сол и црн пипер

Опис:
Во тегла, на дното наредете ја зелена салата и младиот кромид, па потоа наутот, туната и морковот
На страна направете дресинг од лук, масло, сок од лимон, сенф, сол и црн пипер.
Пред конзумирање, истурете ја салатата во длабок сад и полејте ја со дресинг.
Во случај да не сакате да носите две тегли, тогаш во големата тегла на дното истурете го дресингот и потоа редете ја, така што прво ќе го додадете наутот, па туната и на крај зеленчукот (зеленчукот да нема допир со дресингот).

Commentaires