top of page

Смути за појадок

Не сум некој поборник за блендирани оброци, од типот на смути, посебно ако не содржат ништо друго освен неколку измелени овошки. Меѓутоа знам дека на многумина добро им доаѓаат како брз оброк и ако тоа е услов поздраво да се храните, сосема е во ред.

Хумус - основна варијанта

Всушност, смутито може да се направи како мини оброк ако се потрудиме да ги содржи сите битни компоненти - јаглехидрати, протеини и масти за подолго чувство на заситенот.


Во смутијата подолу јаглехидратите главно ќе ги добиеме од овошјето и од овесните снегулки, протеините од млеко/соино млеко/јогурт, а мастите од додадените јатки и семки.

Хумус - основна варијанта
 

Смути за појадок


Вкупно време за подготовка за едно смути: 5-10 мин


Сите подготвуваат со обичен блендер со чашка или со рачен блендер


Розово смути


1 банана

½ чаша вишни/јагоди/аронија

1 чаша нискомаслено млеко (или соино)

1 голема лажица путер од бадеми (или 10-15 g бадеми)

2 големи лажици мелено ленено семе

1 голема лажица сончоглед


Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека да се добие мазна структура.

Може да се гарнира со кокосови снегулки.

Хумус - основна варијанта

Чоколадно смути


40 g овесни снегулки

1 банана

10 g бадеми

1 чаша соино млеко или обично нискомаслено

3 големи лажици какао

1 голема лажица чија


  1. Во блендер прво се мелат овесните снегулки додека да се добие брашно.

  2. Се додаваат преостанатите состојки и смудито се меле додека да се добие убава мазна структура. Може да се разреди со малку вода.

  3. Се гарнира со уште малку какао или инстант кафе.

Забелешка:

Смутито може да се конзумира и како ужина меѓу оброци, посебно ако се изостават овесните снегулки.

Смути со таан и јогурт

2 големи лажици таан

1 банана

1 чаша обезмастен пробиотски јогурт (0.9% масленост) или соино млеко

2 јаболка

цимет


Сите состојќи се мелат во блендер додека да се добие мазна структура

Густината се регулира со вода.

Рецептите за овие три видови смути можат да ви бидат основа да екпериментирате со вкусовите. Сепак, секогаш најбитно е да се оди по формулата јаглехидрати+протеини+масти - само во тој случај еден ваков напиток ќе биде успешна и нутритивно богата комбинација.

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page