top of page

Тирамису овесна каша

Како да направите доручек што ќе биде како десерт? Кога ќе ги искомбинирате вкусовите карактеристични за тирамису колач.


Со голед на тоа што главниот принцип за добар однос кон храната е да се размислува што да се додаде, а не што да се одземе од исхраната, овој рецепт го следи токму тоа правило.

Пресек на тирамису овесната каша
Пресек на тирамису овесната каша

Кексите знаеме дека не се нешто многу нутритивно богати, затоа оние што сакаат да ги конзумираат, добро е да ги искомбинираат со извор на диететски влакна, протеини и масти.


Во овесната тирамису каша диететските влакна ќе ги снабдиме од овесните снегулки, а протеини и масти имаме од урдата и од соиното млеко. Крајната комбинација е одлична и оваа овесна каша кај нас дома веќе е хит.

Тирамису овесната каша
Тирамису овесната каша

 

Тирамису овесна каша


Количина: 2 порции

Време за подготовка: 15 минути (без времето потребно за откиснување)


Потребни се блендер и поголем сад за мешање и сад за редење на кашата




Состојки:


120 g овесни снегулки

250 g несолена нискомалсена урда

1 чаша растително млеко (по можност соино)

Ванила екстракт

Течен засладувач

Инстант кафе

Кекси

Какао


По избор, може да се искомбинира со шумско овошје

Украсување на тортата
Редењето на тирамису овесната каша

Опис:

  1. Прво се блендираат урдата, млекото, засладувачот и ванила екстрактот, потоа се префрлаат во длабок сад и се мешаат со овесните снегулки. Овесната каша се остава да се откисне неколку часови, по можност преку ноќ за убаво да се згусне.

  2. Откако ќе откисне овесната каша, следува редењето со кексите. Кексите се потопуваат во кафе и се редат на дното на еден длабок сад, врз нив се распоредува првиот дел од овесната каша, а потоа се поросува какао. Истиот процес се повторува со уште еден слој. На крај, по желба, може да се додадат малини, капини или боровинки.

*кашата е најдобра ако се остави да отстои и со кексите

**прилагодено од Tiramisu Protein Overnight Oats

Парче од тирамису овесната каша
Парче од тирамису овесната каша

Парче од тирамису овесната каша
Парче од тирамису овесната каша



Comentários


bottom of page