Фритатата е италијански начин на правење омлет. Најбитно е дека основата се јајца, и дека има поразличен начин на подготовка, а изборот на останатите состојки е по желба.
Со промена на состојките фритата добива секогаш различен вкус (отколку кога само би испржиле матени јајца).

Фритата и кој било начин на подготовка на омлет е одличен начин да се вметне зеленчук уште во појадокот, па може да се прават различни комбинации.
Предолгот од овој рецепт е да се додаде листен (спанаќ или блитва) и сезонаски зеленчук (пиперка и млад кромид). Мојата фритата на сликите излезе баш како омлет, така што за да го добие автентичниот изглед или правете ја во помало тавче или направете поголема количина.

Фритата со спанаќ
Количина: 1 порција
Време за подготовка: 20 минути
потребно е тавче за пржење што не би се оштетило кога ќе се употреби и во загреана рерна
Состојки:
3 јајца, матени
1 лажицa вода
Сол и црн пипер
½ лажица маслиново масло
Пиперка
Млад кромид
Млад спанаќ
Лук
Домат
50 g сирење

Опис:
На малку масло кратко се динстаат спанаќот, пиперката и младиот кромид (5 мин).
Јајцата се матат со вода, сол, црн пипер и насечкан лук.
За тоа време се загрева рерната на 200 степени.
Откако ќе се издинста зеленчукот, се полева со јајцата, тавчето се поклопува со капак и се пржи на ниска температура да не загорат јајцата.
На крај се поросува сирење и се става во рерна за да се потпече (1-2 минути).
Се сервира со свеж домат и со 2 парчиња леб.


Comments