Што е поздраво, бел или кафеав ориз?
- Антонио Велковски
- May 16, 2022
- 3 min read
Updated: Jun 10, 2022
Што е поздраво за конзумирање, кафеав или бел ориз? Според нутритивните карактеристики, кафеавиот ориз нуди повеќе хранливи материи, меѓутоа можеби не е секогаш најдобар избор зависно од здравствената состојба.
Значи одговорот не е толку едноставен!

Зошто оризот е толку битен?
Околу 20% од калорискиот внес во светот е поврзан со житарката ориз, поради што се смета за многу битна храна. Над 3.5 милијарди луѓе во светот го сметаат за основна компонента во својата секојдневна исхрана.
Покрај тоа, низ светот се одгледуваат над 10.000 различни видови грав со различни бои. Добро е што на нашиот пазар не е толку сложена работата, па најчесто имаме шанса да избираме само меѓу две опции - бел и кафеав ориз.
Од двата вида, најчесто користен е белиот ориз поради тоа што лесно се вари, може да се складира подолго време и има неутрален вкус што совршено се комбинира со други состојки.
Разлика меѓу кафеав и бел ориз

Кафеавиот ориз ги содржи сите делови на житарката - никулец, трици и ендосперм. Секоја компонента содржи различни минерали, витамини и протеини кои нудат различни вредности на оризот. Преработката до бел ориз значи исфрлање на никулецот и триците, односно од оризот останува само најмалку хранливиот ендосперм.
Произведувачите потоа го збогатуваат белиот ориз како замена за изгубените хранливи материи при преработката. И покрај тоа, крајниот производ нема иста нутритивна вредност како почетната житарка.
Придобивки од конузмирање кафеав ориз
Малото зрно на оризот е збир на хранливи материи кои имаат моќ да влијаат на намалување на нивоата на хоелстерол, намалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабет.
Кафеавиот ориз, за разлика од белиот ориз има повеќе:
Диететски влакна;
Манган;
Магнезиум;
Ниацин;
Фосфор;
Витамини Б1 и Б6.
Претставува сложен јаглехидрат, што значи помага во регулирање на холестеролот, но и за намалување тежина затоа што подолго време држи ситост.
Една голема негативна карактеристика на кафеавиот ориз е арсенот. Кафеавиот ориз содржи високи нивоа на овој токсичен елемент, кој е присутен во голем дел од храната. Можеби не е штетен ако се конзумира во количини во кои се конзумира во вообичаениот начин на исхрана, но бремените жени би требало да го ограничат внесот на таквата храна.
Дали белиот ориз е „нездрава храна“?

Краток одговор: НЕ! Можеби не е нутритивно најбогатата храна на светот, ама не може ни да ни наштети, ако не се претерува.
Збогатениот ориз може да биде добар извор на фолна киселина, која е препорачлива посебно за трудници и за доилки. Битен момент е што арсенот не е присутен во белиот ориз по преработката!
Белиот ориз воедно е подобар избор за луѓе кои во исхраната треба да намалат на количината на диететски влакна, односно кои имаат проблеми со диевертикули, дијареа, воспалено дебело црево, колоректален канцер или биле подложени на операција што го вклучувала гастро-интестиналниот тракт.
Поради тоа што кафеавиот ориз е побогат со фосфор и калиум, луѓе со заболување на бубрезите би требало да ја ограничат неговата употреба. Во ваков случај белиот ориз е подобар избор.
Критики на сметка на белиот ориз може да се најдат насекаде, посебно во врска со тоа што може да предизвика нагло качување на шеќерот во крвта. Некои дури го споредуваат со јадење чист шеќер.
Најбитна е вкупната исхрана

Нема точен одговор кој тип на ориз е подобро да се вклучи во исхраната. Разновидноста на крај е најбина. Ништо не може да ни наштети, ако вкупната исхрана ни содржи разновидни хранливи материи. Ако не можете да се одлучите каков тип на ориз е подобар за вас, изберете од двете варијатни.
Оризот секако е најдобро да се конзнумира во комбинација со зеленчук, како и со протеини и масти, затоа што самиот содржи многу мал процент на протеини и скоро и да не содржи масти.
Оризот воедно не би требало да се чува подолго време за да се избегне ризикот од труење. Затоа, ако ви преостане сварен ориз, најдобро е да не го чувате во фрижидер подолго од 2 дена, кога ќе го притоплувате да внимавате целиот да биде добро загреан и да не го притоплувате по двапати.
За поголема разновидност во исхраната, може да се користат и други житарки што се добра замена за оризот, како киноа, јачмен или овес.
Comments