top of page

Wrap со крем сирење и пилешко

Колку и да се популарни враповите, јас некако немам обичај за мене да правам такво нешто.


Ама затоа ми се наоѓа како варијанта за оброк за моите деца и мило ми е што некој дошол до идеја за ваков тип на брзи оброци.

Wrap со крем сирење и пилешко
Wrap со крем сирење и пилешко

Ако сте имале пилешко во некоја комбинација и ви останала одредена количина која чека во фрижидер да биде употребена, овој врап ќе ви се најде за да го употребите.


Плус пилешкото во комбинација со зеленчукот и крем сирењето со зачини дава посебен вкус кој малку отстапува од вообичаената шема за врапови.

Крем сирењето измешано со зачини
Крем сирењето измешано со зачини

 

Wrap со крем сирење и пилешко

Количина: 2 порции

Време за подготовка: 15 минути


потребни се помал сад за сирењето и поголема чинија за редење на wrap-от



Состојки:

30 g крем сирење

Сок од лимон

Сол и црн пипер

Суви зачини како копар, босилек, магдонос


2 тортиљи

100 g пилешко (издинстано)

Рендан морков

Краставица на ленти

Зелена салата (може пакувана од маркет)

Редење на wrap-от
Редење на wrap-от

Опис:

Крем сирењето се меша со малку сок од лимон и зачините.


Тортиљите се премачкуваат со крем сирењето и се редат:

  • парчиња издинстано пилешко месо

  • рендан морокв

  • краставица

  • зелена салата

Се превиткува тортиљата како бурито.

Пресек на wrap-от
Пресек на wrap-от




365 views0 comments

Comments


bottom of page