top of page

My Items

I'm a title. ​Click here to edit me.

Колач со портокал и бадеми

Колач со портокал и бадеми

Едно време опсесија ми беше правењето торти - посебно за специјални моменти како што е Нова Година. Ги правев затоа што ги сметав за уметност - секој може да зготви чорба, ама ретко кој успешно може да состави вкусна торта! За оваа торта додека го добив конечниот вкус, направив 5 варијанти за на крај да направам комбинација од неколку рецепти и да го добијам посакуваниот резултат. Најголемиот предизвик ми беше што сакав да ја печам во мултикукер - не дека не можев во рерна, туку сакав да се испробам и со необичен начин на печење колач, без вклучување рерна. Колач со портокал и бадеми Количина: 16 парчиња Време за подготовка: 70 минути потребен е мултиговач или кружен калап за торта Состојки: 130 g интегрално пченично брашно 120 g сенаменско брашно 100 g кокосов шеќер 60 g мелени потпечени бадеми Кора од 1 портокал 1 лажичка сода ½ лажичка прашок за печиво Ванила екстракт Прстофат сол 80 ml маслиново масло 2 јајца 1 чаша цеден сок од портокал Лажица јаболков оцет За глазура: ¼ чаша (60 ml) сок од протокал 100 g темно чоколадо 2 лажички маслиново масло Кора од портокал Опис: Прво се мешаат сувите состојки, од брашната до солта. Одделно се комбинираат течните соостојки од маслото до оцетот. Се комбинираат сувите и течните состојки, убаво се промешуваат (не премногу) и веднаш се префрлаат во мултиготвач или во намрсен калап за торта. Јас го користев мултиготвачот на Делимано и ја користев опцијата multigrain, која пече на 150 степени, 1 час. На мултиговачите на Филипс има опција cake, па можете таа да ја изберете, само да и го продолжите времето на печење. Во рерна, колачот би се печел на 180 степени, 35-40 минути. Кога ќе се испече колачот, се вари од мултикукерот/калапот за тора и се остава да се излади. Во меѓувреме, се подготвува глазурата и се остава малку да се излади. На основа за торти се поросуваат мелени бадеми и врз нив се поставува колачот. Врз него се прелева глазурата и се остава слободно да се растече низ површината на колачот. може да се украси со дехидрирани или карамелизирани парчиња портокал.

Поповери со спанаќ и праз

Поповери со спанаќ и праз

Вакво нешто првпат правам. Дури не знам ни дали „поповери“ е вистинското име! Ама знам дека се многу вкусни и лесно може да се трансфромираат со различен зеленчук. Се работи за печиво слично на мафини (односно и се прави во калап за мафини), но со шуплини во внатрешноста кои се создаваат поради печењето на повисока температура и содржината на 4 јајца. Токму поради шупливата внатрешност, идеални се за полнење со некој намаз, со хумус, со ајвар или може да се трансфромираат во сендвични. Поповери со спанаќ и праз Количина: 6 поповери Време за подготовка: 30-35 минути потребен е калап за мафини Состојки: 150 g бело сенаменско брашно 70 g интегрално пченично брашно 60 g спанаќ, ситно издробен Праз 4 јајца 370 ml (1 1/2 чаша) млеко Сол Опис: Прво се мешаат двата типа брашно, па се додаваат спанаќот и празот ситно насечкани. На страна се матат јајцата, солта и млекото и се додаваат кај сувите состојки. Треба да се добие структура нешто погуста од смеса за палачинки. Се распоредува во калап за мафини и се пече во загреана рерна на 230 степени, 15 минути и уште 10 минути на 170 степени. Поповерите се вадат од рерна, се оставаат да се подизладат околу 5-10 минути и потоа се вадат од калапот. Може да се комбинираат со хумус, урда, некое друго полнење или како сендвич со тенко парче кашкавал и зелена салата.

Ќофтиња со спанаќ и мисиркино месо

Ќофтиња со спанаќ и мисиркино месо

Како родител кој постојано мора да смислува оброци за цело семејство, морам да наоѓам нешто интересно за да го обновам менито. Така, место класични ќофтиња, зошто да не испробаме ќофтиња што ќе содржат спанаќ и сирење? Искрено, до сега сум имал неколку неуспешни обиди за правење ќофтиња и потоа не сум се ни обидувал, ама со овие решив пак да се испробам и целата постапка ми е како почетник. Можеби на искусните опсиот на постапката ќе им биде премногу детален и ќе сфатат дека се работи за доста едноставен рецепт, ама на останатите ќе им биде од помош за успешно да ги состават овие ќофтиња. Ќофтиња со спанаќ и мисиркино месо Количина: околу 25 ќофтиња Време за подготовка: 20 минути потребно е поголемо тавче за пржење (слично на вог тава) Состојки: 1 чаша замрзнат спанаќ 500 g мелено мисиркино месо ½ чаша сирење (или урда) ЗАЧИНИ: лук во прав, оригано, сол и црн пипер Варен ориз Сок од лимон Маслиново масло Магдонос Мента Се комбинира со салата по желба Опис: Прво, се остава спанаќот да се одмрзне и потоа убаво се истиснува вишокот течност. Ова може да се направи и на цитна цедалка. Спанаќот се замесува со меленото мисиркино, сирењето и зачините и се формираат кофтиња. Во нелепливо тавче на малку масло и на не многу висока темепратура се пржат ќофтињата додека да покафенат на сите страни (околу 20 мин). Во текот на пржењето, ќофтињата треба постојано да се превртуваат, а може да се затворат и со капак за да кружи топлиот воздух околу нив и да не горат. Ако оваа постапка ви е комплицирана, можете да ги печете во рерна на 200 степени, околу 15 мин. Во меѓувреме се загреваат 2 чаши вода и кога ќе почнат да вријат, се додава чаша ориз убаво измиен во цедалка. Се намалува температурата и се вари оризот 10 мин. Потоа се исклучува ринглата и се остава на топло оризот со поклопен капак да го впие вишокот течност. На крај се додаваат сокот од лимон, маслото, ментата, солта и црниот пипер. Ќофтињата се сервираат со оризот и со салата по избор. Ќофтињата може да се чуваат до 3 дена на ладно и да се подгреат пред консумирање.

Пилешко со киноа и песто

Пилешко со киноа и песто

Ни сам не знам од кога не сум се обидел да составам некој посложен рецепт. Знам само дека порано уживав да изведувам чуда во кујна од што е можно посложени рецепти. Денес гледам се да е нешто побрзо и најбитно ми е да е со интересен вкус. Сакам да готвам и да препорачувам на клиенти јадења кои со секој залак нудат куп хранливи материи, а претставуваат и експлозија од вкусови. Оваа комбинација на пилешко со киноа и печен зеленчук може лесно да се трансформира, односно зеленчукот да се менува со избор на она што е во сезона. На тој начин и себеси ќе се изненадите како со сосема нов рецепт. Пилешко со киноа и песто Количина: 1 порција Време за подготовка: 20 минути потребно е тавче за пржење што не би се оштетило кога ќе се употреби и во загреана рерна Состојки: ЗАЧИНИ: италијанска мешавина, лук, сол, црн пипер, буковец ½ kg пилешко месо Тиквичка исечена на полумесечини Шери домати 2 лажици маслиново масло 2 чаши вода 1 чаша киноа Песто од босилек Опис: Во сад се мешаат зачините. Пилешкото месо се сече на парчиња и се меша со зачините, а во посебен сад се меша и зеленлукот со истите зачини. Пилешкото и зеленчукот се распоредуваат во еден ред во тавче за печење. Се печат на 200 степени околу 20-30 мин (додека да омекне зеленчукот и да се испече пилешкото). Во меѓувреме се вари киноата на средна температура, 15 тина минути со претходно зовриена вода, потоа се исклучува и со остава на топло да отстои уште 5 мин. Варената киноа се меша со потпечениот зеленук и соковите од тавчето. Се додава и пестото и се сервира со парчиња пилешко.

Фритата со спанаќ

Фритата со спанаќ

Кремаста грчка паста салата

Кремаста грчка паста салата

Сендвич со авокадо и сирење

Сендвич со авокадо и сирење

Палачинки од хељда

Палачинки од хељда

Wrap со крем сирење и пилешко

Wrap со крем сирење и пилешко

Идеи за брзи ужини

Идеи за брзи ужини

Јадењето меѓу оброци е добра навика?

Јадењето меѓу оброци е добра навика?

Салата во тегна со туна и наут

Салата во тегна со туна и наут

bottom of page