top of page

Банана мафини со чоколадо

Се двоумев дали да го пишувам овој рецепт затоа што е многу основен. На интернет можат да се најдат милион мафини со банана и чоколадо. Сепак се одлучив да го објавам за и јас и сите вие што читате да имате во пишана форма рецепт што е многу едноставен и брз, посебно за периоди кога ви се јаде нешто благо или не знаете што за појадок/ужина. Рецептот за мафините посебно ќе ви се најде ако имате презреани банани при рака. Тие се основниот заблажувач на смесата. Додадов како опција и течен засладувач за во случај некој да сака поблаги мафини, инаку рецептот одлично функционира и само со банани. Банана мафини со чоколадо Количина: 18 мафини Време за подготовка: 30 минути потребни се блендер, поголем сад за мешање и калап за мафини Состојки: 200 g овесни снегулки 2 големи (3 помали) презреани банани 2 јајца 1 чаша грчки јогурт 2-3 лажици мед (може да се изостави) 1 1/2 лажичка прашок за печиво 1/2 лажичка сода Ванила екстракт Прстофат сол 50 g (1/2 чаша) чоколадни капки или искршено чоколадо (може да се замени со суво или замрзнато овошје Опис: Прво овесните снегулки се мелат до степен на брашно и се додаваат прашокот за печиво, содата и солта. Во блендер се мелат јајцата, бананите, јогуртот и засладувачот (ако се користи) Во сад асе мешаат сувите и течните состојки, се додаваат чоколадните капки, се убаво се комбинира и се распоредува во калап за мафини. Се печат 15 минути на 200 степени, а откако ќе се испечат, се вадат од рерна и се оставаат во калапите уште 10-ина минути. ***мафините на собна температура може да се чуваат 3-4 дена, а може и да се замрзнат.

Банана мафини со чоколадо
bottom of page