top of page

Бајадера со путер од кикирики

Еден од најбараните вкусови е комбинацијата на кикирики и чоколадо, нешто во стилот на сникерс слатките, па со нашата БАЈАДЕРА СО КИКИРИКИ ќе се обидеме да го доловиме тој вкус. Овој десерт е без печење и со многу едноставни состојки, што значи многу лесно може да ви се најде во моменти кога не ви се седи премногу долго во кујна. Бајадера со путер од кикирики Количина: 7 плочки Време за подготовка на состојките: 10 мин Вкупно време за подготовка на бајадерата: 20-25 мин (без времето за ладење) Се подготвува во мултипрактик, калап и мал сад за растопување на чоколадото Состојки: Околу 200 g меки урми (исчистени од семките) 100 g солени кикирики, грубо издробени 60 g овесни снегулки Ванила екстракт 1 голема лажица кокосово масло 2-3 големи лажици путер од кикирики 100 g темно чоколадо 1 голема лажица растопено кокосово масло 1 голема лажица путер од кикирики Неколку иситнети кикирики Опис: Урмите се мелат во мултипрактик додека да се добие леплива паста. Потоа, пастата од урми, грубо иситнетите кикирики, овесните снегулки, ванилата, кокосовото масло и путерот од кикирики се ставаат во сад и убаво се промешуваат (може да е користи влажна лажица). Во калап убаво се распоредува смесата за основата. Чоколадото се растопува, се додава кокосовото масло и се распоредува врз претходно подготвената основа. Вака подготвениот колач се остава убаво да се излади. На крај, изладениот колачот се дели на парчиња и секое одделно се украсува со путер од кикирики и исечкани кикирики. Забелешка: Колачот може да се чува во фрижидер неколку недели.

Бајадера со путер од кикирики
bottom of page