top of page

Врап со ориентален вкус

Кога гостував во емисија на Телма имав идеја да направам посна варијанта на лахмаџун, ама сфатив дека месење теста и правење комплицирани рецепти само би ми било преголем залак. Затоа решив да направам нешто што ќе биде инспирирано од источната кујна - поточно врап што ќе има некој поориентален вкус. Главна состојка во врапот е меленото месо од карфиол, меѓутоа ако не сте љубители на крафиол, воопшто нека не ве премислува тоа да го направите рецептот, затоа што покрај зачините, воопшто нема да го почувствувате вкусот на крафиолот. Врап со ориентален вкус Количина: 12 мали врапови Време за подготовка: 50 минути Се подготвува во мултипрактик и тавче за печење. Состојки: Мелено месо од карфиол : 1 помала главица карфиол 120 g печурки шампињони 100 g ореви 2 лажици соја сос 1/2 лажица буковец 2 лажички мелен кумин 1 лажичка димен црвен пипер 1/2 лажичка лук во прав Сол и црн пипер Хумус Потпечени тортиљи Зелена салата Калинки Опис: Прво се составува меленото месо од карфиол, за кое во мултипрактик на крупно се мелат карфиолот, шампињоните и оревите. Се додаваат зачините, се се промешува, се распоредува во тавче и се пече на 180 степени, 30 минути. Целата смеса се промешува во тавчето и се остава да се пече уште 15 минути. Откако ќе се испече и ќе се подизлади месото од крафиол, на тортиља се мачка хумус, се распоредува месото од карфиол, се додава зелен зеленчук по избор и калинка и се витка како бурито. За нутритивно да го збогатиме овој врап, можеме да го придружиме со чаша Sütaş Ayran.

Врап со ориентален вкус
bottom of page