top of page

Грчка салата со макарони

Редовно присутна салата на менијата по сите ресторани е грчката салата. Не бара многу време за подготовка, а може да се смислат и интересни варијанти. Од грчката салата можеме да составиме целосен оброк со избалансиран сооднос на јаглехидрати, протеини и масти со тоа што ќе ја збогатиме со макарони и наут. Ќе направиме салата која се подготвува брзо и лесно, а богата е со многу бои и едноставни вкусови. Грчка салата со макарони и наут Количина: 4-6 порции Време за варење на макароните: 6-10 мин Време за сечкање на зеленчукот: 10-15 мин Вкупно време за подготовка: 20-25 мин (без дополнителното ладење и без времето за варење на наутот) Без глутен, без јатки, без додадени шеќери Се подготвува во тенџере за варење и во сад за мешање на салатата Целосниот рецепт во PDF форма Состојки за салатата: 300 g макарони 250-300 g варен наут (или наут од конзерва) 100 g маслинки 1/2 главица кромид (по можност црвен) 1 голема црвена пиперка, исечкана на коцки 1 краставица, исечкана на поголеми коцки 300 g шери домати 20 g чаша магдонос, иситнет Сирење исечено на коцки (или маринирано тофу) Рукола (по желба) 2 голема лажица маслиново масло Сок од 1.5 лимон Сол и црн пипер 1 мала лажица оригано Опис: Макароните сварете ги al dente , односно не оставаме ги да се преварат и да се раскашават. Кога ќе се сварат, веднаш исплакнете ги под ладна вода затоа што тестенините омекнуваат и додека се врели, иако се не се варат. Откако ќе се сварат макароните, префрлете ги во поголем сад и додадете го варениот наут. Додека се варат макароните, исечкајте го зеленчукот. Сечканиот зеленчук се додава во садот кај варените макарони и наутот, се додаваат зачините, а на крај се гарнира со коцки сирење и рукола (по желба). На крај се поросува сушено оригано. Забелешки: За да се збогати вкусот, иако не е карактеристично за грчката салата, може да се додаде малку сируп од калинки. Салатата вака составена одлична е во замена за брз оброк, а може да се вклопи и кога треба да пречекувате гости, а немате идеја за нешто брзо што нема долго време да ве заглави во кујна.

Грчка салата со макарони
bottom of page