top of page

Идеи за брзи ужини

Ако оброците не ве заситуваат или имате преголема пауза меѓу два оброка, тогаш веројатно потребна ви е некоја ужина. Ужините се мала количина на храна што се јаде меѓу главните оброци. Јадењето меѓу оброци може да биде добра навика и да доведе до подобро менаџирање на чувството на глад и ситост, но битен е изборот на храна. Подетално за тоа во кои случаи е препорачливо да се вклучат ужини во менито, а за кои не е препорачливо, прочитајте овде . Најдобро е на ужините да се гледа како на мини оброк, односно да се составени од протеини, јаглехидрати и масти. Најдобар избор на ужини се прави кога се претходно испланирани и кога фокусот е на нутритивно богата храна. Еве неколку примери за добро составени ужини. На парче леб намачкајте путер од кикирики. Наредете кругови банана и поросете со чија семе. Изблендирајте кратко младо сирење или несолена урда да нема грутки. Префрлете во сад и измешајте парчињата јаболко. Гарнирајте со мелени бадеми, малку мед и цимет. Канче грчки јогурт измешајте го со замрзнато овошје (по можност малку пододмрзнато за да пушти боја). Гарнирајте со гранола. Уште неколку идеи за ужина: Црвена пиперка со гвакамоле Ред чоколадо со неколку бадеми Краставица со хумус ( рецепт ) Домати со сирење Чија пудинг ( рецепт ) Јајце Протеински бар Пуканки со пармезан Печен наут (леблебија)

Идеи за брзи ужини
bottom of page