top of page

Колачи со брусница и бело чоколадо

Во период на слави и празници, мора при рака да се има и некој десерт што ќе ја надополни свечената трпеза. А зошто во таква прилика да не се испробаат и некои нови вкусови? Уште подобро е ако за десертот се подготвува многу брзо, без да мора нештода се пече или да се вари (како што се случајот со овие колачи). Рецетот за овие колачи е доста прилагодлив и може да се смета како основа за повеќе креации. На пр.предвидено е да се употреби путер од индиски ореви, кој има малку специфичен вкус, така што ако некому не му се допаѓа, може да го замени со путер од лешници, со таан или путер од кикирики. Колачи од брусница и бело чоколадо Количина: 12 колачи Време за подготовка: 10 минути (без времето за ладење на колачите) Потребен е длабок сад за мешане на состојките Состојки: 1 чаша путер од индиски ореви 60 ml мед (или сируп од урми, јаворов сируп или агаве) 60-70 g кокосово брашно (или кокосови снегулки) 1 лажичка ванила екстракт 30 g сува брусница (или суво грозје) 30 g бело чоколадо (иситнето на мали коцки или може да се употребат чоколадни капки) Опис: Во длабок сад се мешаат путерот од индиски ореви, засладувачот, кокосовото брашно и ванила екстрактот. Треба да се добие не премногу леплива смеса. Се додаваат брусниците и иситнетото чоколадо и се убаво се меша. Тестото се дели на 12 делови. Од сите се оформуваат бомбици, кои малку се сплеснуваат и се редат на хартија за печење. На крај се шараат со вилушка за да изгледаат подекоративно. Колачите се оставаат во замрзнувач или во фрижидер за да се стегнат (на собна температура омекнуваат). ПОСНА ВАРИЈАНТА : белото чоколадо може да се замени со темно чоколадо. Како варијната може темното чоколадо да се растопи и колачите изладени да се потопат до половина во чоколадото.

Колачи со брусница и бело чоколадо
bottom of page