top of page

Колач со портокал и бадеми

Едно време опсесија ми беше правењето торти - посебно за специјални моменти како што е Нова Година. Ги правев затоа што ги сметав за уметност - секој може да зготви чорба, ама ретко кој успешно може да состави вкусна торта! За оваа торта додека го добив конечниот вкус, направив 5 варијанти за на крај да направам комбинација од неколку рецепти и да го добијам посакуваниот резултат. Најголемиот предизвик ми беше што сакав да ја печам во мултикукер - не дека не можев во рерна, туку сакав да се испробам и со необичен начин на печење колач, без вклучување рерна. Колач со портокал и бадеми Количина: 16 парчиња Време за подготовка: 70 минути потребен е мултиговач или кружен калап за торта Состојки: 130 g интегрално пченично брашно 120 g сенаменско брашно 100 g кокосов шеќер 60 g мелени потпечени бадеми Кора од 1 портокал 1 лажичка сода ½ лажичка прашок за печиво Ванила екстракт Прстофат сол 80 ml маслиново масло 2 јајца 1 чаша цеден сок од портокал Лажица јаболков оцет За глазура: ¼ чаша (60 ml) сок од протокал 100 g темно чоколадо 2 лажички маслиново масло Кора од портокал Опис: Прво се мешаат сувите состојки, од брашната до солта. Одделно се комбинираат течните соостојки од маслото до оцетот. Се комбинираат сувите и течните состојки, убаво се промешуваат (не премногу) и веднаш се префрлаат во мултиготвач или во намрсен калап за торта. Јас го користев мултиготвачот на Делимано и ја користев опцијата multigrain, која пече на 150 степени, 1 час. На мултиговачите на Филипс има опција cake, па можете таа да ја изберете, само да и го продолжите времето на печење. Во рерна, колачот би се печел на 180 степени, 35-40 минути. Кога ќе се испече колачот, се вари од мултикукерот/калапот за тора и се остава да се излади. Во меѓувреме, се подготвува глазурата и се остава малку да се излади. На основа за торти се поросуваат мелени бадеми и врз нив се поставува колачот. Врз него се прелева глазурата и се остава слободно да се растече низ површината на колачот. може да се украси со дехидрирани или карамелизирани парчиња портокал.

Колач со портокал и бадеми
bottom of page