top of page

Мексиканска киноа салата

Многумина не знаат како да ја вклучат киноата во исхраната или не сакаат ни да ја пробаат. Оваа мексиканска салата се надевам ќе ви го смени мислењето за киноата. Киноата често се нарекува житарка, затоа што и на тој начин се подготвува, но технички е семе. Нејзиниот состав е интересен затоа што е ретка намирница која се користи како житарка, а во добро избалансиран сооднос ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини, вклучувајќи и лизин, која е многу битна за раст и обновување на ткивата. Мексиканска киноа салата Количина: 4 порции Време за варење на киноата: 20 мин Време за сечкање на зеленчукот: 10-15 мин Вкупно време за подготовка: 20-25 мин (без времето за ладење на киноата) Без глутен, без јатки/семки Се подготвува во тенџере за варење и во сад за мешање на салатата Целосниот рецепт во PDF форма Состојки за салатата: 1 чаша (180 г) киноа 1-1.5 чаша вода (со мешан сув зеленчук и малку сол) 1/2 главица црвен кромид, исечкан 2 домати, средна големина, исечкани 150 g пченка шеќерка 1 чаша (околу 180 g) варен црн грав (или грав од конзерва) 2 мало авокадо, исечено на коцки Една рака насечкан коријандер (или магдонос) Состојки за дресингот Сок од 1 или 1.5 лимон 1/2 чаша (120 ml) маслиново масло 3 чешниња лук 1-2 црвени чили пиперчиња 1 мала лажица сол Црн пипер 1/3 чаша (80 ml) вода Опис: Киноата прво се измива со ладна вода. Потоа, убаво процедена се тостира на средна температура на многу малку масло со постојано мешање (околу 2 минути). Се додава водата со зачините и откако ќе зоврие водата, сосема се намалува температурата и се вари киноата поклопена со капак (15 минути). Садот со киноата се трга од топлото и се остава уште 5 минути на страна. На крај се промешува со вилушка. Подготовка на дресингот: сите потребни состојки се мелат во блендер. По потреба се додава вода да му се олесни работата на блендерот. Салатата се сервира така што состојките се редат во поголем сад на посебни купчиња - изладената киноа, исечканиот кромид, до него доматите, потоа пченката и гравот. Се гарнира со авокадо во средината и на крај се украсува со исечканиот коријандер (или магдонос). Пред конзумирање салатата се полева со 1/2 доза од дресингот и убаво се промешува. Може да се послужи со пченкарен чипс или тортиљи. Забелешки: Дресингот може да се искористи и за зачинување зелена салата. Салатата може да послужи како брз и лесен оброк или како гарнир на друго главно јадење

Мексиканска киноа салата
bottom of page