top of page

Отворени сендвичи со намаз од тофу

За време на пости обично исхраната е доминантно јаглехидратна, без да се внимава на соодветниот внес на протеини, па и на масти. Затоа еве намаз од тофу кој може да се искомбинира со леб и зеленчук и да се добие комплетен оброк. Тофуто е богат извор на растителни протеини, а ако е коагулирано со калциумови соли, претставува и добар извор на калциум, минерал кој најчесто се изоставува кога се применува посна/веганска храна. Намазот за овие сендвичи всушност најчесто го правам со урда или со младо сирење, така што тоа би била варијанта од намазот кога не е период на пости. Отворени сендвичи со намаз од тофу Количина: 35-40 мали колачи Време за подготовка: 15 минути Се подготвува во длабок сад за мешање, сад во кој ќе се топи чоколадото и калап за мали мафини. Состојки: 300 g неутрално тофу 2 чешниња лук 1 лажичка сенф Сок од лимон + малку вода 2 лажици маслиново масло (по желба) 1 лажица јаболков оцед 1 лажичка лук во прав Сол и црн пипер Буковец (по вкус) Ситно сечкан магдонос Може да се додадат и копар, босилек... Парчиња леб Зеленчук по избор Опис: Тофуто се блендира со лукот, сенфот, водата, сокот од лимон и зачините додека да се добие кремаста смеса. Се префрла во сад, се додаваат магдоносот и останатите зачински билки и се убаво се меша. Намазот се мачка на парчињата леб и се украсува со нукулци, спанаќ или некој друг вид зеленчук. Намазот може да се чува на ладно 4-5 дена.

Отворени сендвичи со намаз од тофу
bottom of page