top of page

Палачинки од хељда

Палачинките ми се опсесија и редовно за викендите мора да ги имаме дома за појадок (и за ужина додека чекаме да се зготви некој друг оброк). Многу често експериментирам со различни типови палачинки и макар што кај сите составот е сличен, соодносот на состојките е тој што прави разлика. Кај палачинките најмногу сакам да експериментирам со брашната, така што најретко ги правам со обично пченично (сенаменско или интегрално) брашно. Во последно време посебно опсесија ми се палачинките од овес, наут и овие од хељино брашно. Wrap со крем сирење и пилешко Количина: 2 порции Време за подготовка: 30 минути потребни се длабок сад за мешање на состојките и нелеплива тава за пржење Состојки: 220 g брашно од хељда 300 ml обично или соино млеко (јас го користев протеинското на Алпско) 2 лажици масло 1 јајце 1/2 лажица засладувач - не е задолжително 1 лажица прашок за печиво Прстофат сол Ванила екстракт Опис: Убаво се мешаат сите состојки (освен прашокот за печиво) и смесата се остава да отстои барем половина час за да се згусне. Прашокот за печиво се додава непосредно пред пржење и убаво се промешува за да се распореди. Се зема четврт чаша од тестото и на нелеплива тава се пржат палачинките од двете страни. Се комбинираат со џем (во којот случај од јагоди и чија)

Палачинки од хељда
bottom of page