top of page

Пилешко со киноа и песто

Ни сам не знам од кога не сум се обидел да составам некој посложен рецепт. Знам само дека порано уживав да изведувам чуда во кујна од што е можно посложени рецепти. Денес гледам се да е нешто побрзо и најбитно ми е да е со интересен вкус. Сакам да готвам и да препорачувам на клиенти јадења кои со секој залак нудат куп хранливи материи, а претставуваат и експлозија од вкусови. Оваа комбинација на пилешко со киноа и печен зеленчук може лесно да се трансформира, односно зеленчукот да се менува со избор на она што е во сезона. На тој начин и себеси ќе се изненадите како со сосема нов рецепт. Пилешко со киноа и песто Количина: 1 порција Време за подготовка: 20 минути потребно е тавче за пржење што не би се оштетило кога ќе се употреби и во загреана рерна Состојки: ЗАЧИНИ: италијанска мешавина, лук, сол, црн пипер, буковец ½ kg пилешко месо Тиквичка исечена на полумесечини Шери домати 2 лажици маслиново масло 2 чаши вода 1 чаша киноа Песто од босилек Опис: Во сад се мешаат зачините. Пилешкото месо се сече на парчиња и се меша со зачините, а во посебен сад се меша и зеленлукот со истите зачини. Пилешкото и зеленчукот се распоредуваат во еден ред во тавче за печење. Се печат на 200 степени околу 20-30 мин (додека да омекне зеленчукот и да се испече пилешкото). Во меѓувреме се вари киноата на средна температура, 15 тина минути со претходно зовриена вода, потоа се исклучува и со остава на топло да отстои уште 5 мин. Варената киноа се меша со потпечениот зеленук и соковите од тавчето. Се додава и пестото и се сервира со парчиња пилешко.

Пилешко со киноа и песто
bottom of page