top of page

Пита од просо

Просото е житарка која стекна популарност последниве години откако започна треската за безглутенска храна. За жал, многумина го подготвуваат само обично сварено со вода, поради што не им е вкусно, па набргу се откажуваат од негово конзумирање. Затоа рецептот за оваа пита од просо е тука да покаже дека просото не мора да биде здодевна житарка без вкус, одосно дека може да се оформи во убава пита која ќе ја придружиме со Sütaş Ayran . Додатоците во питата се само предлози, односно со различни состојки може да се постигнат варијации на вкусот и да се приготвува за различни пригоди. Пита од просо Количина: околу 10 парчиња Време за подготовка: 50 минути Се подготвува во мало тенџере за варење, длабок сад за мешање и во калап за леб или во тава за печење. Состојки: 100 g просо + 1 чаша вода 2 лажици маслиново масло Блитва или спанаќ ½ главица кромид, ситно исечкана 2 чешниња лук (по избор) 2 јајца 120 ml јогурт (1/2 чаша) Сол и црн бибер По избор може да се додаде: рузмарин, сув домат, маслинки сусам, изрендан кашаквал (одозгора, 5 мин пред крај), грчки јогурт или павлака Опис: Просото се вари на тивко додека да ја впие водата. Блитвата се обарува и се цеди од вишокот вода. Во сад се матат јајцата, мелекото, маслото, солта и црниот бибер. Се се спојува во длабок сад и убаво се промешува. Во овој момент може да се додадат рузмарин, сушен домат, маслинки или некои од другите предложени состојки. Смесата се распоредува во калап или тавче и се пече на 180 степени, 35-40 минути. Откако ќе се испече, ја оставаме 15 минути да се подизлади и потоа се сече на парчиња. За нутритивно да ја збогатиме питата, можеме да ја придружиме со чаша Sütaş Ayran.

Пита од просо
bottom of page