top of page

Погача со брашно од наут

Обично сите погачи и прои се прават со пченично брашно и со пченкарно брашно (проите). Ама, ајде малку да смениме! Да испробаме да направиме погача од друг тип на брашно и да испробаме нови вкусови. Брашното од наут ги има карактеристиките на наутот - диететски влакна, низок гликемиски индекс, растителни протеини, а во добар процент содржи фолат (фолна киселина) и бакар кои се многу битни за подобра искористиливост на железото од храната. Погача од брашно од наут Количина: 15 парчиња Време за подготовка: 50 минути потребни се поголем сад за мешање и тавче за печење Состојки: 2 чаши брашно од наут 2 јајца 1 чаша јогурт 1/2 чаша вода 2 лажички прашок за печиво 1 лажичка јаболков оцед 1 лажица маслиново масло Сол Зеленчук по избор (јас користев цветови брокула, тиквичка, кромид и пиперка) Опис: На дното од тавчето се реди зеленчукот исечен на поголеми парчиња. Се полева со маслото, се промешува за да се распореди маслото и потоа зеленчукот се распоредува во еден слој низ тавчето. Во длабок сад се мешаат состојките за тестото - треба да се добие нешто погуста смеса од смесата за палачинки. Тестото убаво се распоредува врз зеленчукот, по желба се посипува со сусам и се пече 40 минути во рерна на 200 степени.

Погача со брашно од наут
bottom of page