top of page

Поповери со спанаќ и праз

Вакво нешто првпат правам. Дури не знам ни дали „поповери“ е вистинското име! Ама знам дека се многу вкусни и лесно може да се трансфромираат со различен зеленчук. Се работи за печиво слично на мафини (односно и се прави во калап за мафини), но со шуплини во внатрешноста кои се создаваат поради печењето на повисока температура и содржината на 4 јајца. Токму поради шупливата внатрешност, идеални се за полнење со некој намаз, со хумус, со ајвар или може да се трансфромираат во сендвични. Поповери со спанаќ и праз Количина: 6 поповери Време за подготовка: 30-35 минути потребен е калап за мафини Состојки: 150 g бело сенаменско брашно 70 g интегрално пченично брашно 60 g спанаќ, ситно издробен Праз 4 јајца 370 ml (1 1/2 чаша) млеко Сол Опис: Прво се мешаат двата типа брашно, па се додаваат спанаќот и празот ситно насечкани. На страна се матат јајцата, солта и млекото и се додаваат кај сувите состојки. Треба да се добие структура нешто погуста од смеса за палачинки. Се распоредува во калап за мафини и се пече во загреана рерна на 230 степени, 15 минути и уште 10 минути на 170 степени. Поповерите се вадат од рерна, се оставаат да се подизладат околу 5-10 минути и потоа се вадат од калапот. Може да се комбинираат со хумус, урда, некое друго полнење или како сендвич со тенко парче кашкавал и зелена салата.

Поповери со спанаќ и праз
bottom of page