top of page

Проја со просо и праз

Дома имам еден хроно готвач што содржи исклучиво лебови, прои и кифли. Пред неколку години ми се виде интересен и го купив. Некои од рецептите може да се користат како што се напишани, но на некои им е потребна корекција за да бидат поинтересни, како на пример на оваа проја. Во оригиналниот рецепт се мешаат само неколку видови брашна и праз, па за да се добие поровка структура (а и да биде поприфатлива за деца) решив во составот да експериментирам со додавање јајца и јогурт, како класичната проја. Структурата и вкусот излегоа одлични, па си реков да си го запишам рецептот и да го споделам. Проја со просо и праз Количина: 15 парчиња Време за подготовка: 45 минути Потребни се блендер и поголем сад за мешање и тава за печење Состојки: 300 g брашно ( најдобро излегува со полубело брашно тип 500, но може да се направи комбинација од ‘ржано и интегрално пченично по половина) 150 g просо 2 чаши јогурт 2 јајца 4 лажици масло Сол Праз 1 пакетче прашок за печиво (4.5 лажички) Сусам Опис: Прво просото се меле додека да добие структура на брашно - или директно може да се купи брашно од просо. Се мешаат брашната со солта, прашокот за печиво и ситно исечканиот праз. На страна се мешаат јајцата, јогуртот и маслото и се додаваат кај брашната. Се убаво се меша и смесата се префрла во тавче. Убаво се распоредува и се поросува со сусам. Се пече 30 минути на 210 степени.

Проја со просо и праз
bottom of page