top of page

Салата во тегна со туна и наут

Не смеете да наоѓате оправдување ако пресконете оброк во периоди кога сте на работа или сте презафатени затоа што дури и во тие моменти може да се најде решение. А решението е да составите салата во тегла како целосен оброк! Овој рецепт е само идеја (предлог) и со количините и со составот и повеќе можете да го користите за составување ваков тип салати. Многу е битно салатата и дресингот да ги чувате одделно и да ги измешате непосредно пред конзумирање. Салата во тегла со туна и наут Количина: 1 порција Време за подготовка: 10 минути потребни се поголема тегла за салатата и помала за дресингот Состојки: Зелена салата (може пакувана од маркет) Млад лук и кромид 1 конзерва туна, процедена од маслото 300 g наут Морков, изрендан Дресинг: Лук, исечкан Масло Сок од лимон Сенф Сол и црн пипер Опис: Во тегла, на дното наредете ја зелена салата и младиот кромид, па потоа наутот, туната и морковот На страна направете дресинг од лук, масло, сок од лимон, сенф, сол и црн пипер. Пред конзумирање, истурете ја салатата во длабок сад и полејте ја со дресинг. Во случај да не сакате да носите две тегли, тогаш во големата тегла на дното истурете го дресингот и потоа редете ја, така што прво ќе го додадете наутот, па туната и на крај зеленчукот (зеленчукот да нема допир со дресингот).

Салата во тегна со туна и наут
bottom of page