top of page

Сендвич со авокадо и сирење

Наједноставен начин редовно да се има брзо подготвен оброк е да се состави сендвич. Секогаш ја поддржувам идејата за сендвич со многу зеленчук во секаква варијанта, не само за подобар нутритивен профил на сендвичот, туку и за убава комбинација на вкусови и бои. Овој сенвич ги нуди вкусовите на летото, а крцкавиот зеленчук одлично се надополнува со кремастата структура на младото сирење и авокадото. Направете си повеќе и спакувајте го за да имате неколку одборци. Сендвич со авокадо и сирење Количина: 2 сендвича Време за подготовка: 15 минути потребно е тавче за динстање на спанаќот и тостер за потпекување на лебот Состојки: 4 парчиња леб 1 канче (180 g) cottage (или нискомаслена урда) 1/4 авокадо Домат, на кругови Црвен кромид, на полумсесечинки Млад спанаќ Црн пипер Опис: Лебот се потпекува на тостер. За тоа време, спанаќот кратко се динста колку да спласне. На секое лепче се мачка од сирењето и се попрскува со црн пипер. Врз сирењето се реди авокадо, парчиња домат, парчиња кромид и спанаќ. Се поклопува со уште едно лепче за да се оформи сендвич.

Сендвич со авокадо и сирење
bottom of page