top of page

Хумус со цвекло

Најмногу се радувам кога ќе најдам начин како на вкусен и незабележлив начин да вметнам повеќе зеленчук во исхраната. Воопшто не ми е битно дали е преку намази, чорби, како додаток во оброк за комплетирање на вкусот... Хумусот кај нас дома секогаш е добредојден намаз и обично кога и да ја направам основната варијанта, бргу го снемува. Затоа сфатив дека хумусот е идеален за со него да се вметне и некој зеленчук кој не само што ќе го збогати нутритивно, туку ќе му даде и интересен вкус. Хумус со цвекло Количина: околу 4 порции Време за подготовка: 15 минути (без времето за варење на цвеклото) Се подготвува во мултипрактик или блендер. Состојки: 400 g варен наут 2 главици цвекло, излупено и сварено (или цвекло конзервирано од тегла) Сок од еден лимон (може и помалку) Сол и црн пипер ¼ чаша таан 1 лажица маслиново масло Рендана кора од лимон 1-3 лажици вода, зависни колку тенка или густа структура посакувате По избор при сервирањето може да се додадат зрна наут, кромид и уште малку масло Опис: Се меле наутот, а потоа се додава и цвеклото и се продолжува со мелење. Постепено се додаваат останатите состојки: сокот од лимон, зачините, таанот, маслото и кората од лимон. Се разредува со малку вода во зависност од посакуваната структура. Се сервира со варени зрна наут, со уште малку масло и ситно сечкан босилек. Може да го искористиме за мачкање тортиља, во која ќе додадат и кромид, пиперки и малку авокадо.

Хумус со цвекло
bottom of page