top of page

Чоколадни бомбици од лешник

Пред десетина години кога почнав да се обидувам да си ја подобрам исхраната, во моменти кога сакав да имам некој десерт на располагање редовно тркалав бомбици. И отсекогаш најубави ми биле тие со чоколаден вкус - ненадминливо. Иако овие бомбици од лешници ми се од поново време, слободно може да се вклопат во таа слика. Потпечениот лешник во комбинација со какао секогаш потсетува на чоколаднот вкус на намаз што многу често го користевме во детството. Знаете за кој намаз зборувам, да не правам непотребна реклама. Чоколадни бомбици од лешник Количина: 20 бомбици Време за подготовка: 20 минути (без времето за ладење на лешниците) Потребен е мултипрактик за мелење на состојките Состојки: 400 g лешници 2 големи лажици кокосови снегулки (по желба, може да се изостават) 2 големи лажици какао 1 1/2 мала лажица цимет Прстофат сол 2 мали лажици ванила екстракт 30 меки урми (околу 300 g) 2 големи лажици путер од лешници (или од бадеми, кикирики или таан) За валање: какао, цимет, чија, кокос... Опис: Лешниците се потпекуваат во загреана рерна на 180C, 10-15 минути, а потоа се лупат. Изладени лешниците, крако се мелат во мултипрактик, додека да се иситнат. Се додаваат кокосот, какаото, циметот, солта и ванила екстрактот и пак се се меле колку убаво да се искомбинира. Се додаваат и урмите и путерот од лешници (или од кикирики или таан) и се се меле додека да се добие лепливо тесто. Од тестото се оформуваат мали бомбици кои се валаат во какао и цимет, во кокос или во чија семе. Бомбиците се чуваат на ладно.

Чоколадни бомбици од лешник
bottom of page