top of page

Wrap со крем сирење и пилешко

Колку и да се популарни враповите, јас некако немам обичај за мене да правам такво нешто. Ама затоа ми се наоѓа како варијанта за оброк за моите деца и мило ми е што некој дошол до идеја за ваков тип на брзи оброци. Ако сте имале пилешко во некоја комбинација и ви останала одредена количина која чека во фрижидер да биде употребена, овој врап ќе ви се најде за да го употребите. Плус пилешкото во комбинација со зеленчукот и крем сирењето со зачини дава посебен вкус кој малку отстапува од вообичаената шема за врапови. Wrap со крем сирење и пилешко Количина: 2 порции Време за подготовка: 15 минути потребни се помал сад за сирењето и поголема чинија за редење на wrap-от Состојки: 30 g крем сирење Сок од лимон Сол и црн пипер Суви зачини како копар, босилек, магдонос 2 тортиљи 100 g пилешко (издинстано) Рендан морков Краставица на ленти Зелена салата (може пакувана од маркет) Опис: Крем сирењето се меша со малку сок од лимон и зачините. Тортиљите се премачкуваат со крем сирењето и се редат: парчиња издинстано пилешко месо рендан морокв краставица зелена салата Се превиткува тортиљата како бурито.

Wrap со крем сирење и пилешко
bottom of page