top of page
Состојки
160 g крупни овесни снегулки сомелени до степен на брашно
2 раце спанаќ, блитва или гранки целер
Белки од 3 јајца
1 чаша соино млеко
1 прашок за печиво
100 g урда
Сусам (за гарнирање)
Постапка:
Белките од јајца убаво се матат, а потоа се додава соиното млеко.Се додаваат и овесното брашно, спанаќот и прашокот за печиво и се убаво се меша.
Се пече во калап за леб или во тавче обложено со хартија за печење.Смесата се префрла во калапот, се попрскува со сусам и се пече 20-30 минути на 200 степени (додека не порумени).
Кога ќе се испече,пројата се вади од рерна и се остава да одмори, а потоа се вади од калапот.
Изладена, се сече на парчиња и се послужува со домат и краставица.
bottom of page