Состојки
Кромид, морков, лук
ЗАЧИНИ: сушена мајчина душица, сол, црн пипер, мешан сув зеленчук, ловоров лист
1/2 лажица сенф
1 чаша леќа
Вода по потреба
Доматно пире
2 лажици мелено ленено семе
Исечкан млад кромид за гарнирање
Постапка:
Во големо тенџере на средна температура на масло или на вода се запржуваат кромидот, морковот со зачините. Се покрива со капак и се остава кромидот да омекне 5-6 минути со повремено мешање.
Се додаваат леќата, водата, доматното пире и ловоровиот лист.Се зголемува температурата за чорбата да почне да врие, потоа се намалува, се покрива тенџерето со капак и се остава да врие 30-35 минути или подолго, додека леќата убаво да се свари.
Кога ќе биде готова чорбата се отстранува ловоровиот лист, се додаваат, лукот, лененото семе и сокот од лимон и се сервира со сецкан млад кромид (по желба).
Забелешка
Во чорбата може да се додаде просо или булгур или пред крај други сварени житарки (ориз, просо, јачмен р'ж) или киноа, хељда.