Секоја година некоја нова храна се демонизира. До сега проблем беше глутенот, а последниве години во таа група е вклучено и млекото.
Во денешно време раположението околу млекото и млечните производи толку е сменето, што станаа една од најконтраверзните теми во областа на исханата - едни сосема го поддржуваат нивното конзумирање, според други треба да се применуваат повремено, а според трети треба целосно да се исфрлат од исхраната.
Точната наука за млекото се чини е некаде меѓу екстремните страни.

Какви се ставовите за пиењето млеко?
Голем број од здравствените организации сметаат дека млекото е есенцијално за здрави коски и заштита од осетопороза, срцево заболување, рак и други болести.
Од друга страна се оние кои тврдат дека е штетно, дека не сме создадени да пиеме млеко и дека треба да се избегнува.
Групите кои се застапуваат за правата на животните и за веганство, меѓу кои се организацијата PETA и Лекарскиот комитет за одговорна медицина (Physicians Committee for Responsible Medicine - PCRM) велат дека кравјото млеко е нутритивен кошмар што не припаѓа во човековата исхрана. Тие сметаат дека млекото е совршена храна за хранење телиња, а дека бизарна е идејата оти и човекот треба да пие млеко од крава.
Одделот за исхрана на Факултетот за јавно здравје при Харвард, пак, не зазема некаква страна, односно порачува дека пиењето по една до две чаши млеко дневно е „безбедна, разумна и нутритивна цел“. Според катедрата, повеќе од таа доза придобивките не се јасни, а може да постои и ризик.”
Дали е природно да се пие млеко?

Најчестиот аргумент против млечните производи е дека не е природно човекот да ги конзумира. Не само што сме единствени суштества што конзумираат млеко на возрасни години, туку сме единствени и по тоа што пиеме млеко од други животни.
Идејата дека возрасниот човек треба да пие млеко нема голема смисла. Биолошки, кравјото млеко е наменето како храна за теле кое треба нагло да порасне. Луѓето не се телиња, а возрасните обично немаат потреба да растат.
Нити од еволутивна перспектива млекото не е неопходно за оптимално здравје. Пред земјоделската револуција и припитомувањето на животните човекот конзумирал само мајчино млеко како бебе. До пред неколку илјади години, ензимот лактаза (задолжен за разложување на лактозата во млекото) прекинувал да се лачи кога човекот достигнувал возрасни години - поради тоа луѓето и не можеле да го конзумираат млекото.
Постојат само претпоставки кои промени се случиле во текот на еволуцијата, но се чини човекот се навикнал да го толерира млекотo. Денес постои податок дека најмалку 35% од луѓето можат да толерираат млеко без некои поголеми проблеми.
Дали луѓето што пијат многу млеко имаат поголем ризик од смртност?
Популарна шведска студија го тврди токму тоа, но поврзаноста главно се однесува на млекото, но не и на млечните производи (сирење, јогурт). Студијата открива дека пиењето премногу млеко значи зголемен ризик од фрактури и смрт и тоа е забележано пред се кај женските испитаници.
Од друга страна се вели дека колку повеќе луѓето конзумирале фермантирани производи (јогурт или сирење), им се намалувал ризикот од фрактури и од смрт.
Истражувачите веруваат дека Д-галактозата, шеќер кој е многу поприсутен во млекото отколку во ферментираните млечни производи, може да предизвика оксидативен стрес и инфламација. Хроничната инфламација се поврзува со прерана смрт во голем број случаи.
Треба да се нагласи дека испитаниците опфатени во студијата пиеле по 3 и повеќе од 3 чаши млеко секојдневно, што е над вообичаените препораки. Покрај тоа, галактозата може да се најде и во овошјето и зеленчукот, па не може да се одреди точната улога на млекото во врска со оваа проблематика.

Полномасното млекото се смета дека делува инфламаторно и поради содржината на заситени масти. Заситените масти сами по себе не предизвикуваат инфламација, но може да ја влошат инфламацијата што веќе е присутна во организмот со тоа што ја зголемуваат абсорпцијата на инфламаторните молекули наречени липополисахариди.
Дискусијата е отворена, но за сега најголем дел од истражувањата укажуваат дека млекото и инфламацијата, односно зголеменото ниво на морталитет не се јасно поврзани. Потребни се понатамошни истражувања за да се одреди дали индивидуални млечни производи и кои компоненти во тие производи поттикнуваат или намалуваат инфламација.
Дали млекото го закиселува организмот?
Многу чести се тврдењата дека протеините во млекото го скиселуваат организмот и предизвикуваат остеопороза. Ваквите тврдења се основа на т.н. ацидо-алкална исхрана која препорачува да се избира храна која има алкален ефект, а да се избегнува храна што создава кисела средина.
Според таа теорија, млекото е кисела храна. Кога се дигестираат протеините, се создава кисела пепел која ја снижува pH вредноста на крвта и го закислеува организмот. Поради тоа, организмот го влече калциумот од крвта за да ја нормализира pH вредноста на крвта.
Прво, она што го јадеме не влијае врз pH вредноста на крвта. Нашиот организам самостојно и доста прецизно ја регулира pH, односно ако не постои ваквиот природен процес, не би преживеале.
Второ, ако млекото остава кисели метаболити, бубрезите би се погрижиле да бидат остстранети.
Трето, високиот процент на протеини во исхраната доведуваат до поздрави коски.
Покрај тоа, млекото не само што е богато со протеини и калциум, туку содржи и фосфор, а може да содржи и витамин К2.
Протеините, фосфорот и витаминот К2 се доста битни за здравјето на коските.
Проблемот на оваа тема произлегува од тоа што студиите покажуваат различни резултати, односно се дизајнирани да откријат асоцијации, но не можат да потврдат причинско-последична поврзаност. Појасна слика даваат само рандомизираните контролирани истражувања, односно вистинските научни експерименти.
Колку млеко може да се пие дневно?

Американското министерство за земјоделие (USDA) препорачува три чаши дневно млеко за сите над 9 годишна возраст, макар што науката се нема точно изјаснето за оваа тема.
Обично не е голем проблем претераното конзумирање млеко, затоа што и онака се смета дека просечен човек ретко ги надминува тие препорачани 3 чаши дневно. А тоа всушност е добро, затоа што не ни е ни потребно конзумирање млеко во толкава количина за да ги искористиме здравствените придобивки.
Според Американкиот национален млекарки козилиум (The National Dairy Council), ако дневно се внесуваат по 2.000 калории, доволно е само една чаша (240 ml) млеко дневно да придонесе за добар внес на калциум, рибофлавин и други клучни нутриенти на дневна основа.
Секојдневното конзумирање млеко зависи и од толеранцијата на лактоза, како и на суруткините протеини. Исто многу битно е колку е навикнат организмот на пиење млеко. Ако претходно не сте пиеле многу млеко и одеднаш почнувате да го конзумирате секојдневно, може да наидете на проблеми поврзани со лактозата.
За крај...
Од Факултетот за јавно здравје при Харвард велат дека млекото е една од најкомплицираните области во исхраната и точните одговори се уште не ги знаеме.
Млекото никако не можеме да го сметаме како храна што го закиселува организмот, затоа што pH вредноста на крвта е строго регулирана преку разни механизми, така што исхраната не влијае врз тој процес. Покрај тоа, протеините од млекото може само да се погодни за цврсти коски, но никако за закиселување на организмот и оштетување на коските.
Точно е дека еволутивно нема голема смисла човекот да пие млеко, но од друга страна, во умерени колични не може нити да се смета за штетно. Веројатно најточниот заклучок од сето ова е дека млекото не е неопходна храна, односно кој сака и може да го толерира може да го конзумира, кој не сака - не мора. Меѓутоа никако не смее да се извлече заклучок дека е токсично и комплетно треба да се избегнува.
Comments