Се наоѓаме во период од годината кога веројатноста за температури блиску до 40 степени е доста голема. Освен редовно нанесување крема за сончање, кожата можеме да ја заштитиме и преку храната од оштетувањето од сонцето.
Исхраната всушност е најчесто занемарен дел кој всушност многу ни помага да се адаптираме на надворешните услови во текот на промените на годишните времиња.

Кожата има свој часовник?
Студија од 2017та година, открива дека ензим што ја обновува оштетената кожа од УВ зраците има дневен циклус на производство што може да се измени со јадење одредена храна во невообичаен дел од денот.
Според студијата, ако имаме нормален распоред на оброците, подобро ќе бидеме заштитени од УВ зраците во текот на денот. Ако немаме нормален распоред, на пример, претежно јадеме доцна навечер, тоа лошо ќе се одрази и врз природниот часовник на кожата.
Кои се главните херои за заштита на кожата?
Различни компоненти од храната имаат заштитно дејство врз кожата при изложеност на сончевото зрачење. Голем дел од студиите што го докажуваат тоа главно се во експериментална фаза или се изведени исклучиво врз животни, меѓутоа резултатите доста ветуваат и се добра основа за понатамошни истражувања.

Каротеноидите се пигменти во растенијата чија функција е заштита на растението од вишокот светлина. Слична е нивната улога и во однос на заштита на кожата. Главни каротеноиди што ја штитат кожата се β-каротен и ликопен, како и ксантофилот лутеин.
Каротеноидите доста придонесуваат за нормална боја на кожата, а нивно преголемо конзумирање доведува до промена на бојата на кожата во портокалова или жолта (каротенодермија), појава која нема лошо влијание врз здравјето.
Витамините Е и Ц ја штитат кожат од оштетувања од УВ зраците поради нивните антиоксидативни карактеристики. Најбитна е интеракцијата меѓу витаминот Е и витаминот Ц против фотооксидативно оштетување, односно најуспешна заштита би се постигнала преку секојдневен внес на храна со овие витамини.
Полифенолите се моќни антиоксидатни in vitro и најчесто ги внесуваме преку овошјето и зеленчукот, како и преку какао, зелен чај и црвено вино. На пример, за полифенолите во зелениот чај познато е дека ја штитат кожата од оштетување настанато од УВ зраците.
Елементот во траги, селенот исто игра главна улога во антиоксидативната одбрана на организмот.
За сега само преку експерименти со животни се сугерира дека високиот внес на масти може да ја зголеми сензитивноста на кожата кон карциногенеза (создавање карценогени клетки) поттикната од УВ зраците carcinogenesis. Во истражувања врз експериментални глувци забележано е дека преголемиот внес на масти доведува до зголемена фотокарциногенеза.
Според ова, исхраната со пониско ниво на масти можеби штити од рак на кожата предивикан од УВ зраците. Општата препорака е да се намали бројот на калории од масти (препораките се вкупниот внес на масти да сочинува 20-35% од вкупниот дневен внес на калории) и да се зголеми конзумирањето на житарки, зеленчук и овошје.
За подобра заштита од рак на кожата, треба да се внимава и на внесот на омега-3 и омега-6 масни киселини. Доволниот внес на омега-3 се смте дека има заштитна улога во создавањено канцер клетки на кожата.
Која храна редовно треба да ја имаме на менито?
Голем број намирници содржат комбинација од сите овие нутриенти кои заштитно делуваат врз кожата, но како „суперхерои“ на оваа тема се издвојуваат:

Боровинки - богати се со антиоксиданти кои се борат со слободните радикали што може да ја оштетат кожата преку изложеност на сонце и стрес. Тие се и добар извор на витамин Ц кој штити од создавање брчки по денови поминати на плажа односно на сонце.
Лубеница - доматите се најпознати по содржината на ликопен - антиоксидант што е одговрен за црвената боја на доматите. Но лубеницата всушност содржи многу повеќе ликопен! Ликопенот ги абсорбира односно ги блокира УВА и УВБ зрачењата, макар што потребни се неколку недели за кожата да се стекне со таква фотозаштитна.
Јатки и семки - покрај мрсната риба и јајцата и оревите, чија и лененото семе содржат омега-3 масни киселини. Омега-3 делуваат антиинфламаторно и ја одржуваат целината на кожата. Омега-3 помагаат и организмот природно да се избори од влијанието на сончевите зраци врз кожата.
Мора да се спомнат и бадемите и сончогледовото семе кои се доста богат извор на витамин Е. Идеална комбинација е да се вметнат во салати, смуди или во овесна каша.

Сладок компир, моркови, црвени пиперки и зелен зеленчук - нашиот организам го конвертира бета-каротенот во витамин А. А слаткиот компир, тиквата, морковите, спанаќот и останатиот обоен зеленчук се доста богати со бета-каротен. Добро е да бидат застапени во оброците, па дури и во појадокот.
Грозје - полифенолите што се задолжени за заштитните ефекти на црвеното вино се доста застапени во неговиот оргинален извор - грозјето. За оние што не се љубители на виното, во лето редовна ужина нека им бидат неколку зрна грозје.
Вишни - содржат од 200 до 300 милигами полифеноли на 100 g. Полифенолите од растенијата не само што штитат од УВ зрачењето, туку се смета дека делуваат заштитно против канцер, зрцеви заболувања и дијабет.
За крај...
Храната може да има голема улога во заштита на кожата од сончевите зраци, односно може да и помогне да се обнови по оштетувањата предизвикани од изложеност на УВ зраците.
Сепак, треба да се нагласи дека една единствена намирница не може да даде преголем придонес во ваквото дејство, односно најбитно е редовно, секојдневно и подолг период да се конзумира комбинација од различна храна богата со каротеноиди, полифеноли, витамин Ц и Е, омега-3 масни киселини и селен за да се стекне оптимална заштита на кожата од високите температури.
Comments