Слаткиот и обичниот компир се коренести зеленчуци, но се разликуваат по изгледот и по вкусот. Доаѓаат од различна фамилија растенија, нудат различни нутриенти и различно влијаат врз шеќерот во крвта.

Различна фамилија растенија
Слаткиот и обичниот компир се коренести зеленчуци, меѓутоа претставуваат само далечни роднини.
Слаткиот компир е од фамислијата утрински слави, Convolvulaceae, додека обичните компири се од фамилијата зрнци или Solanaceae. Делот што се јаде од овие растенија расте во корените.
Двете варијанти потекнуваат од делови од Централна и Јужна Америка, но денес се конзумираат низ целиот свет.
Двата типа компири се нутритивно богати
Често се смета дека слаткиот компир е поздрав од обичниот, но всушност двата типови компир се многу хранливи.
Еве како изгледа нутритивниот профил на 100 g печен сладок и обичен компир.
100 g печен сладок компир содржи: | 100 g печен обичен компир содржи: |
90 калории 20 g ј.хидрати 0.2 g масти 2 g протеини 19218 IU витамин А 17 g витамин Ц 38 mg калциум 0.7 mg железо 0.2 mg цинк | 93 калории 21 g ј.хидрати 0.1 g масти 2.5 g протеини 10 IU витамин А 9.6 g витамин Ц 15 mg калциум 1.1 mg железо 0.4 mg цинк |
Како што може да се забележи, слаткиот и белиот компир се слични во однос на калориите и содржината на протеини и јаглехидрати, а се разлиуваат по тоа што обичниот компир содржи повеќе калиум, додека слаткиот компир е посебно богат со витамин А.
Двата типа компири содржат и корисни растителни соединенија. Слаткиот компри во сите бои е богат со антиоксиданти кои помагаат во борбата против оштетувања на клетките во телото предизвикани од слободните радикали.
Обичниот компир содржи соединенија наречени гликоалкалоиди, за кои се смета дека имаат антиканцер и други благотворни својства.
Различен гликемиски индекс

Различните типови компир имаат и различен гликемиски индекс, ГИ (мерка како одредена храна влијае врз покачувањето на шеќерот во крвта).
Храната со гликемиски индекс 70 или над 70 предизвикува погобрзо качување на шеќерот во крвта споредено со храната со среден (56–69) или низок гликемиски индекс (55 или помалку).
Во зависност од начинот на подготовка, слаткиот компир има ГИ од 44–94. Печениот сладок компир има доста повисок ГИ од варениот поради начинот на желирање на скробовите во текот на готвењето.
Различен е и ГИ на обичниот компир. На пример, варените црвени компири имаа ГИ од 89, а белите од 111.
Сепак, како компирот ќе влијае врз шеќерот во крвта ќе зависи од типот на компир, изедената порција и начинот на приготвување. Исто битно влијание има и тоа дали компирот се јаде топол или изладен.
Како и да е, при проценката на нутритивната вредност на една храна, не треба решер да биде нејзиниот гликемиски индекс. И слаткиот и обичниот компир се доабр извор на диететски влакна, витамини, минерали и шеќери и можат да бидат дел од избалансирана исхрана, како и секоја друга храна.
Да не заборавиме и дека компирот котира највисоко на скалата на храна што најмногу заситува.
Најдобар начин на подготовка на компирите

Најдобар начин на подготовка на слаткиот и на обичниот компир е со варење или печење и најдобро е да се остави лушпата за повеќе влакна. За понискокалорична варијанта, најдобро е да се искомбинираат со свеж зеленчук и со зачини.
Во случај да имате потреба да внимавате на гликемискиот индекс на храната, препораката е да се избере варена место печена варијанта на овие компири.
Влијанието на слаткиот компир врз шеќерот во крвта ќе се намали и ако се искомбинира со протеини и нескробен зеленчук, како и со извор на масти.
ОВДЕ можете да најдете интересен и брз рецепт за компирна салата.
За крај…
Слаткиот компир и обичниот компир се различна фамилија растенија. Според нутритивниот состав имаат извесни разлики, но не се разликуваат премногу во однос на содржината на протеини и јаглехидрати.
Нивниот гликемиски индекс ќе зависи пред се од начинот на подготовка и од тоа дали се јадат изладени или топли.
Според тоа, нема потреба едниот тип компир да се смета за поздрав или помалку здрав од другиот, затоа што се работи за различни растенија кои може да бидат дел од избалансирана исхрана кога се подготвени на соодветен начин.
Opmerkingen